Економија, финансии, бизнис

Контакт

Генералниот секретар на ИВЗ поднесе оставка на Фејсбук во пресрет на Рамазан

Генералниот секретар на ИВЗ поднесе оставка на Фејсбук во пресрет на Рамазан
Генералниот секретар на Исламската верска заедница Африм Тахири си поднесе оставка на функцијата  непосредно пред почетокот на Рамазанските пости. Од ИВЗ велат дека се изненадени од потегот и немаат никакви информации за причините за овој потег. Уште повеќе што Тахири своето повлекување го најавил единствено на Фејсбук, а од тогаш им е недостапен за телефонски јавувања. „Во неможност да и понатаму се занимавам и обвинувам за туѓите грешки, давам оставка од позицијата Генерален Секретар на ИВЗ. Како поранешен ученик на медресето „Иса Бег“, им го честитам на сите светиот месец Рамазан и ги повикувам сите теолози да го дадат својот максимум за што подобро образование на новите генерации“, напиша тој на Фејсбук. Ваквата порака од ИВЗ не сакаат да ја коментираат и за да не се нарушува едномесечниот пост на верниците, кој започна од денеска пред изгрејсонце. Тахири не е достапен за коментар и за медиумите.
Слично

Поврзани вести