Економија, финансии, бизнис

Контакт

Генералниот директор на ТАВ заминува од Македонија

Генералниот директор на ТАВ заминува од Македонија

Генералниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој заминува од Македонија. Турската компанија ќе го распореди во друга држава каде оперира. 

Промената беше најавена од поодамна, а според информации на Фактор беше пролонгирана поради ковид кризата. Денеска ја потврди и министерот Крешник Бектеши кој на заедничкиот прес на Ерсој му посака успех на новото работно место.

ТАВ Македонија дополнително ќе соопшти кој го наследува Ерсој во земјава.

Бектеши и Ерсој соопштија за пренамената на средствата за изградбата на аеродромот во Штип кои со законски измени ќе се користат за други инфраструктурни објекти. Анализата покажала дека нов аеродром во Штип нема економска исплатливост. Вакви најави имаше уште лани.

А.Т.

Интервју со Алпер Ерсој

Слично

Поврзани вести