Економија, финансии, бизнис

Контакт

Генералниот директор на ад ЕСМ, Ковачевски, на работна средба со амбасадорите на земјите од вишеградската група (В4)

Генералниот директор на ад ЕСМ, Ковачевски, на работна средба со амбасадорите на земјите од вишеградската група (В4)

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, присуствуваше на работен ручек, во организација на словачкиот амбасадор во Р. Северна Македонија, Хенрик Маркуш. На средбата присуствуваа и амбасадорите на земјите-членки на Вишеградската група, акредитирани во нашата земја: амбасадорот на Република Унгарија,  Андраш Клеин, амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва, амбасадорот на Република Полска, Војциех Тицињски, соопштија од компанијата.

-На средбата со амбасадорите на В4 -земјите, се разговараше за билатералната соработка, особено за поддршката што ја има Северна Македонија од овие земји, беа разменети искуства за справувањето со енергетската криза, начините на справување со енергетските и економски предизвици, како и планираните инвестиции,  и развојот на енергетскиот сектор. Заеднички е оценето дека сите отворени билатерални прашања треба да се решаваат во европски дух и низ принципите на европските вредности. Директорот Ковачевски изрази благодарност за искреното пријателство и големата поддршка што ја добива Северна Македонија од В4-земјите, наведуваат во соопштението.


Слично

Поврзани вести