Генерали Инвестментс: Возбудлив, но профитабилен прв квартал на пазарите на капитал
Ситуацијата во банкарскиот сектор се смири минатата недела, но во исто време, пазарните вреднувања сè уште беа под влијание на очекувањата дека американската централна банка наскоро ќе започне да ја олабавува монетарната политика што беше заостренa во последните месеци. Ова беше резиме за берзанските индекси, кои минатата недела забележаа добивка и со тоа заклучија возбудлив, но на крајот позитивен прв квартал на берзите.
Во однос на приносите, особено во последните недели, се истакна американскиот пазар, на кој најголема тежина имаат технолошките акции, кои забележаа најпрофитабилен квартал по 2020 година. За лавовски удел во закрепнувањето на берзите придонесоа акциите на американските „Blue Chip“ Apple, Microsoft и Meta. Но, во исто време, големите инвестициски банки се повеќе предупредуваат дека акциите ги вклучуваат само добрите и убави сценарија на сегашните пазарни нивоа, но не и рецесијата, како и можниот пад на профитот, што се јавуваат како резултат на секоја рецесија досега.
Подобрите економски перспективи за Европа и променетите очекувања за идните потези на централните банки, се двата фактори кои го поттикнаа растот на еврото во однос на американскиот долар во изминатите недели. Ако во ноември минатата година еврото беше значително под вредноста на доларот поради страв од длабока енергетска криза, на крајот од минатата недела бевме во сооднос од 1,09 долари за евро.
Инфлацијата на еврото, мерена преку индексот CPI, во март падна на 6,9 отсто, што значи значителен пад во однос на февруарските 8,5 проценти и најниска вредност на индексот CPI од февруари минатата година. Но, проблемот е во деталите. Намалувањето во голема мера се должи на пониските цени на енергијата и високата споредбена основа - општата инфлација веќе беше на високи 7,5 отсто во март минатата година. Со 5,7 проценти во март, базичната инфлација забележа рекорд, деветти последователен месец.
Цената на суровата нафта WTI повторно се искачи над 80 долари за барел по веста дека нафтениот картел ОПЕК + до крајот на годината ќе испумпува 1,16 милиони барели нафта помалку, што дополнително ќе го комплицира патот до целта за инфлација од 2 отсто.
