Генерали Инвестментс: Во ваква ситуација најдобро е да се вложува во акции, па недвижнини, потоа во обврзници и на крај во пари или депозит
Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.
Тринеделната негативна серија на американските берзи беше прекината минатата недела. Значителниот пораст на главните индекси, на пример американскиот S&P 500 доби нешто под 4%, не се засноваше на економските вести или свежите податоци, туку на позитивното расположение на инвеститорите. По падовите што следеа по говорот на Пауел во Џексон Хол, се очекуваше берзата да го достигне дното, барем на краток рок. Причината за малку поголем оптимизам на пазарите се бара и во цената на нафтата, која кон средината на минатата недела привремено падна на најниско ниво од почетокот на војната во Украина – цената за барел сурова нафта WTI е нешто повеќе од 85 долари. Се очекува да бидат објавени и официјални податоци за августовската инфлација во САД. Според прогнозите на економистите, треба да изнесува 8%. Тоа ќе има значително влијание врз одлуката на американската централна банка. Ова ќе предизвика зголемување на основната каматна стапка пред состанокот на 21 и 22 септември, меѓу 0,50% и 0,75%. Пазарите калкулираат цени со пораст од 0,75% и пониска инфлација. Помал пораст повторно би донел еуфорија на пазарите.
Во Европа, во четвртокот Европската централна банка ги исполни своите прогнози за значително зголемување на основната каматна стапка за 75 базични поени. Реториката на ЕЦБ е сосема поинаква во однос на онаа од пред неколку месеци. Претседателката Лагард јасно стави до знаење дека веќе нема сомнежи и во ЕЦБ. Ќе бидат потребни барем уште неколку зголемувања на каматните стапки за да се ублажи високата инфлација. Клучната депозитна каматна стапка што ја добиваат банките за пари депонирани преку ноќ кај централната банка сега е 0,75%. За споредба, основната каматна стапка во Велика Британија и САД, каде што имаа споредлива стапка на инфлација во август, е соодветно 1,75% и 2,25%, во Норвешка е 2,5% со 6,5% инфлација во Чешка, каде инфлацијата во август надмина 17%, а каматната стапка беше 7%. Европската централна банка повторно ги ревидираше своите очекувања за инфлацијата нагоре. Просечната инфлација во еврозоната се очекува да биде 8,1% на крајот на оваа година, 5,5% следната година, а потоа треба да се спушти до целта од 2% во 2024 година. Но, изминатите месеци покажаа колку брзо моделите за пресметување стануваат застарени и бескорисни. Настаните како што се војната во Украина, променетите геополитички односи меѓу водечките светски сили, природните фактори во форма на суши, временските катастрофи, текот на епидемијата итн се само некои од факторите кои можат да ги свртат предвидувањата наопаку. Додека централните банки се обидуваат да ја задушат побарувачката преку затегнување на монетарната политика и со тоа да ја ублажат инфлацијата, владите, од друга страна, ја зголемуваат агрегатната побарувачка или потрошувачката преку фискалната политика. Различни форми на помош на компаниите и поединците поради високата цена на енергија и храна, краткорочно ќе ја ублажи болката, но без решение на шокот од понудата, ваквите државни интервенции само дополнително ќе го поттикнат растот на цените. Истото важи и за сè поактуелните ограничувања на цените. На пример, минатата недела хрватската влада нареди намалување на цените на месото и некои други основни производи за 30%. Како одговор на тоа, некои трговци на мало веќе го ограничуваат максималниот износ на купувања што клиентите можат да ги направат и ги повлекуваат производите од нивните полици што инаку би ги продавале со загуба. Ограничувањата на цените и слични мерки ни се познати од минатото, каде што на крајот доведоа до општ недостиг на одредени стоки и долги колони автомобили кои секој месец се движеа во соседните земји по потрага по поефтинин поизводи.
Во последните денови на азиските пазари се слушна веста дека вредноста на јапонскиот јен во однос на американскиот долар падна на најниско ниво од 1998 година (1 долар вреди 143 јени). Само оваа година јенот загуби 30% од вредноста во однос на доларот. Јапонија се справува со економска стагнација и дефлација од раните 1990-ти и покрај глобалните инфлациски притисоци, инфлацијата сега се зголеми и во Јапонија, но со 3% таа останува многу пониска отколку во повеќето развиени економии. Засега и покрај девалвацијата на јенот, Банката на Јапонија одржува значително лабава монетарна политика со ниски каматни стапки. Ова врши притисок врз кинескиот јуан. Јенот останува главен конкурент на јуанот, а падот на јенот го вреднува јапонскиот извоз повеќе отколку што е пожелно во Кина. Се поставува прашањето дали повторно ќе видиме неколку процентна девалвација на јуанот во однос на доларот, бидејќи за разлика од пазарното движење на јенот, цената на јуанот ја одредува централната банка. Кина како и Јапонија, бележи ниска инфлација, која главно е резултат на многу мала економска активност, делумно поради мерките против Ковид. Се поставува прашањето дали по големиот партиски состанок на крајот на годината, на кој се очекува Кси да биде избран по трет мандат за претседател, Кина постепено ќе ја укине политиката на нулта ковид. Кога би било така, би можеле да видиме заживување на економската активност и следствено на тоа, посилна побарувачка на суровини и со тоа оживување на некои сегменти од глобалната економија.
И покрај рекордното зголемување на каматната стапка на поединечното собрание на ЕЦБ минатиот четврток, на европскиот пазар на обврзници немаше поголеми потреси, па потегот на ЕЦБ веќе беше вкалкулиран во вреднувањето. Сепак, бараните приноси на државните обврзници бележат раст во последниот месец и постојано се приближуваат до нивоата од крајот на јуни. Моментално бараниот принос на германската 10-годишна обврзница е 1,65%, додека на сличната американска изнесува 3,21%.
СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ:
Централните банки остануваат најважниот играч на пазарите на капитал. Моментално ја заоструваат монетарната политика, но инвеститорите веќе гледаат кон 2023 година и ги очекуваат првите кратења. Главната економска политика е борбата против инфлацијата, а рецесијата е неопходно зло што мора да го прифатиме. Ова и високата цена на енергијата значително ја намалуваат довербата на потрошувачите. На штедењето силно влијае високата инфлација, која сè уште не стивнува. Во такво опкружување, каде што наглото успорување на економскиот раст е факт и е можен премин во стагфлација, инвестирањето е предизвик. Во ваква ситуација, како што покажуваат историските податоци, најдобро е да се вложува во акции, па недвижнини, потоа во обврзници и на крај во пари или депозит. Но, бидејќи сценариото за рецесија и стагфлација не е факт и бидејќи централните банки исто така можат многу брзо да го променат правецот, потребата за диверзификација на портфолиото е голема. Комбинација од акциски фондови како што се Генерали Топ Брендови, Генерали БРИК или Генерали НОВА ЕУ и паричен фонд – Генерали Кеш Депозит, треба да бидат основа на портфолиото во вакво опкружување. Ќе дојде време за похрабро инвестирање, но токму сега е најпаметно да се минимизира ризикот.
