Економија, финансии, бизнис

Контакт

Генерали инвестментс: Силното влијание на пандемијата врз пазарите ќе продолжи

Генерали инвестментс: Силното влијание на пандемијата врз пазарите ќе продолжи

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

Зад нас е третата последователна недела од новата година, кога на берзите преовладуваа негативни приноси. Очекуваните промени во макроекономското опкружување и понатаму ги поттикнуваат инвеститорите да се држат подалеку од акциите во пораст, но негативното расположение минатата недела се одрази и во другите сектори.

Исто така, некои најави за кварталните деловни резултати во САД беа лошо примени, при што Netflix најмногу придонесе за падот на индексите. Најголемиот светски провајдер на стриминг содржини, во петокот го затвори денот на тргување со загуба поголема од 20%. Компанијата за прв пат тивко призна дека се пожестоката конкуренција во индустријата негативно се одразува на нивниот бизнис, а како резултат на тоа се намали растот на нови клиенти. Напротив, конкуренцијата не наоѓа високо место на листата за загриженост на Microsoft, кој ја најави најголемата зделка  во историјата на компанијата –  купување на издавачот на видео игри Activision Blizzard за 68,7 милијарди долари. Затоа што американските регулатори се повеќе настојуваат да ја ограничат монополската моќ на најголемите ИТ компании, пред официјално да се склучи зделката, се предвидуваат темелни истраги на владините регулаторни тела. Ризикот дека зделката нема да биде одобрена се одразува и на цената на акцијата на компанијата Activison Blizzard, која се тргуваше со 15% попуст во текот на викендот. Индексот Nasdaq во насока на горенаведените фактори, најлошата недела за повеќе од една година ја затвори со загуба од добри 7%. Поширокиот индекс S&P 500 исто така се приближува кон зоната на корекција. Настаните од понеделникот веќе наговестија дека и оваа недела на Wall Street ќе биде се, само не досадно. Кварталните резултати покажуваат дека сезоната во САД достигнува еден од своите врвови. Бизнисот во последниот квартал од минатата година, оваа недела, го претставуваат Apple, Microsoft и Tesla. Со поплавата од црвени бројки на најважната светска берза, инвеститорите не смеат да заборават дека американската економија во основа е сè уште робусна, а ваквите падови не се неочекувани по толку високи приноси во последните години.

Нешто подобро, но сепак главно негативно, главните европски индекси ја завршија неделата. Претседателката на ЕЦБ Лагард го повтори мирниот став на Европската централна банка во однос на американските Fed, бидејќи се очекува инфлацијата во еврозоната да не ги достигне нивоата забележани преку барата во услови на помала вишок побарувачка. Сепак, постојат разлики во Советот на централната банка, при што некои членови, особено од посеверните земји, изразуваат незадоволство од актуелните политики. Неизвесноста околу европската монетарна политика годинава се одразува и на пазарот на обврзници. За прв пат од мај 2019 година, посакувниот принос на германската 10-годишна обврзница кон средината на минатата недела беше за кратко време на позитивна територија.

И покрај рекордниот број на новопотврдени инфекции, некои европски земји ги ослободуваат рестриктивните мерки. Најдалеку отидоа во Велика Британија, каде најавија укинување на сите мерки, кои треба да го оживеат особено секторот на услуги.

Подобро беше овој пат во Кина, каде индексите благо зајакнаа во текот на неделата, според прогнозите за полабава монетарна политика и владината поддршка за секторот на неликвидните недвижности. За пазарите во развој, клучното прашање останува дали кинескиот пазар, кој е убедливо најголема тежина, веќе го достигна дното. Токму високата изложеност кон Кина ги повлече растечките пазари надолу во последните месеци. Во 2021 година, од 10-те најпрофитабилни во светот, 8 беа претставници на пазарите во развој. Многу високи приноси понудија пазарите на економиите ориентирани кон производството, како што се Мексико и Чешката Република и земјите богати со стоки. Ситуацијата во Источна Европа се влоши во последниве недели, бидејќи тензиите меѓу Русија и НАТО ескалираа, но сеедно, се чини дека веројатноста за војна е мала. Но, инвеститорите со натпросечна тежина, особено во руските акции, треба да бидат претпазливи, бидејќи конфликтот ќе доведе до санкции.

Неодамнешните случувања на пазарот на обврзници исто така беа турбулентни. 10-годишните државни обврзници на САД на почетокот на годината,  беа на 1,5 отсто посакуван  принос, а минатата недела го достигнаа локалниот максимум од 1,9 отсто. Деновиве фокусот е на состанокот на американските централни банки Fed, каде инвеститорите очекуваат нови индиции во врска со заострувањето на монетарната политика во блиска иднина.

Совети за инвеститорите:

2022 година ќе продолжи да биде многу непредвидлива година, а стратегијата ќе треба неколку пати да се прилагодува на променливите околности. Силното влијание на пандемијата врз пазарите ќе продолжи, а фактот дека останува со нас станува се поочигледен. Но, главниот фокус сепак ќе биде ставен на централните банки и нивните интервенции на пазарот на пари. Зголемувањето на каматните стапки во САД изгледа неизбежно, всушност, каматните стапки веќе вклучија четири зголемувања од 0,25%, главно поради драстично зголемената инфлација. ЕЦБ има поголем проблем тука, бидејќи не планира кочење на ликвидноста, но во исто време и цените на енергијата вртоглаво растат. Како резултат на тоа, приносите на банките остануваат негативни, а обврзниците продолжуваат да нудат речиси никаков принос. Затоа, глобално диверзифицираните инвестиции во акции остануваат најатрактивниот избор. Акцентот во рамките на ова е ставен на развиените пазари, а европските акции доаѓаат до израз во последните денови, бидејќи американските акции се под притисок поради корекција во ИТ секторот.

Сепак, за долгорочните инвеститори, технолошките акции остануваат префериран избор, бидејќи нудат раст на бизнисот и стремеж кон нови трендови. Индустријата, исто така, останува атрактивен избор. Сите зелени и одржливи политики почнуваат и завршуваат со индустријата. Потрошувачот ќе следи ако индустријата води. Затоа, аналитичарите сметаат дека одредени сегменти од индустријата се многу привлечни. Последниве денови во прв план беа акциите на финансиските друштва, особено банките и осигурителните компании. Најавените зголемувања на каматните стапки се пресвртницата што може да ја врати финансиската индустрија на мапата, после 10 години постојано заостанување зад другите индустрии. Слично е и со енергетиката, каде што има голема трансформација во насока на зелено, но во исто време, како и финансиите, нуди високи дивиденди и зајакнување на откуп на сопствените акции. Здравството останува интересно, бидејќи пандемијата и бенигните реформи во здравствената заштита во САД не ги загрозуваат маргините од една страна, а од друга страна, вреднувањата се поволни за повеќето големи компании. Секторот за снабдување е карта на пазарот за поскапување на струјата и гасот, но земјите се сè порешени да ја ублажат состојбата на потрошувачите преку нивните интервенции, па оваа неизвесност ги оддалечува инвеститорите и создава шпекулативни можности во индустријата. Основните производи за широка потрошувачка привремено се во неволја поради зголемената инфлација, бидејќи маржите се намалуваат, но инвеститорите веќе подолго време ја занемаруваат оваа индустрија, па можеби ќе има можност за заработка, особено во втората половина од годината. Кинеските акции, а со тоа и акциите на пазарите во развој, остануваат како похрабар чекор, вреднувањата се привлечни, но крајот на регулаторната трансформација на кинеската економија не е на повидок. Загрижувачко е и продолжувањето на нултата ковид политика, која силно влијае врз негативниот економскиот раст, кој земјата се обидува да го оживее со намалување на каматните стапки. Интересен останува локаленит пазар во Југоисточна Европа, каде вреднувањата се поволни, а дивидендите се многу примамливи. На крајот, да не заборавиме, диверзификацијата е мајка на мудроста. Главниот дел од портфолиото треба да биде глобално дисперзиран, а потоа додаваме поединечни средства во приказната каде што гледаме можност. И пред сè, да ја одржиме дисциплината и да продолжиме со програмирани уплати, бидејќи историјата нè учи дека ова е убедливо најдобриот пристап за максимизирање на заштедите.

Слично

Поврзани вести