Економија, финансии, бизнис

Контакт

Генерали Инвестментс: Потребен е балансиран пристап кон инвестициите

Генерали Инвестментс: Потребен е балансиран пристап кон инвестициите

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

-На почетокот на октомври се предизвика метеж кога американскиот претседател Доналд Трамп се зарази со корона вирусот, а истиот се прошири и на некои други членови на американската администрација. Инфекцијата во Белата куќа беше само прашање на време поради односот кон вирусот, а Трамп ја искористи инфекцијата пред изборите и се врати во Белата куќа во понеделникот, а пазарите на капитал го поздравија ова со силен раст буквално во сите сегменти. Сепак вирусот брзо се шири низ целиот свет, освен во Кина, принудувајќи ги земјите во понатамошно заострување на ограничувањата. Така, дојдовме до нова буква која го опишува движењето на економијата за време на пандемијата, Буквата “К”. Отскокнувањето по прекинот на јавниот живот напролет ќе продолжи во индустриските активности, додека услужните активности повторно ќе се намалат со заострување на мерките. Ова го потврдуваат и индикаторите на PMI за економска активност и на крај движењето на одделни акции на берзите. ФЕД и ЕЦБ засега водат релативно пасивна политика и не се планираат нови мерки во следните неколку недели. Предизборната битка во САД е во полн ек и покрај инфекцијата на Трамп, исто како и преговорите за Брегзит. Пазарот во моментов ги гледа  и двата резултати од изборите како позитивни, бидејќи победата на Трамп ќе донесе континуирани мерки како што се пониски даноци, а победата на Бајден ќе ги направи мерките попредвидливи, со што ќе се намали нестабилноста на администрацијата и следствено на тоа на пазарите. Сценарио каде нема победник или резултатот е комплицирана правна битка за пазарите не е добар, но неговата веројатност во моментов е мала. Брегзит се движи со забрзано темпо кон бездна, односно отсуствува договор, нешто што европските пазари не го имаат вметнато како опција во своите вредности. Нема нови компликации помеѓу САД и Кина и истите не се очекуваат во периодот пред изборите. Сепак на пазарите во развој гледаме зголемување на монетарните и фискалните притисоци, како резултат на пандемијата и растечките дефицити во јавната каса, кои земјите ги надополнуваат со дополнително задолжување, особено во странски валути. Ова може да доведе до повеќе аргентински и турски сценарија во иднина, т.е. пад на вредноста на локалните валути и потребата за преструктуирање на долгот.

-Пазарите првично реагираа негативно на инфекцијата во Белата куќа, но таа корекција брзо се надополни. На пазарите сè уште доминираат најголемите ИТ компании и компании во сегментот на е-трговија и работа од дома. Јазот меѓу одделните индустрии останува голем или се зголемува. Оваа година, најлошо место зазедоа делови на потрошувачкиот сектор, особено туризмот, авијацијата, угостителството, како и енергетската и финансиската индустрија, особено банките. Летниот оптимизам во дел од услужниот сектор брзо се претвори во песимизам наесен, и повеќе од очигледно е дека компаниите од овој сегмент нема да преживеат без дополнителна, главно државна помош. Така Луфтханза троши 500 милиони месечно, на ТУИ му треба нова дополнителна докапитализација, исто така, на пример на Дафри, најголемиот оператор на бесцарински продавници на аеродромите, му требаат 500 милиони швајцарски франци за да ја преживее зимата. Но, за овие компании и покрај ефтините пари, секое собирање средства без државна помош е многу голем предизвик. Од друга страна, гледаме како инвеститорите се грабаат кој да стане акционер во брзорастечки компании со бајковити проценки. Јазот помеѓу принципите за тоа како функционирале пазарите во минатото и како тие функционираат денес, никогаш не бил толку голем. Во такво опкружување, корисноста на анализите е релативно намалена, бидејќи приказната е многу помоќна од голите бројки. Во моментов пазарот главно наградува добра приказна, а бројките не се толку важни. Како и секогаш, овој пристап ќе се сврти назад и многу „добри“ приказни ќе испаднат празни ветувања, така што во продолжуваме да веруваме дека инвестирањето без фундаментална анализа е како да се вози автомобил со врзани очи. Многу опасен пристап кој може да доведе до несреќа.

Совети за инвеститорите:

Повторно не ги менуваме старите препораки. Некои индустрии и акции се преценети, но со скапи обврзници и негативни приноси од банка, инвеститорите немаат вистинска алтернатива. Сепак, не е време за екстремности во портфолијата. Препорачуваме диверзифицирана распределба на средствата во портфолијата. Препорачливо е да се диверзифицираат средствата во портфолијата и да се распределат во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Ликвидносната поддршка  како за обврзниците, така и за акциите продолжува и покрај краткорочните корекции во првите две недели од септември, го принудува растот пред сè на цените на технолошките акции, но евентуалното намалување или повлекување на оваа поддршка може брзо да доведе до силна корекција. Состојбите на светските економии се различни и неизвесната есен ветува зголемена нестабилност. Трендот на раст на пазарите, главно како резултат на технолошките акции, може да продолжи. Политичката несигурност се зголемува пред изборите во САД како и тензиите меѓу САД и Кина. Потребен е балансиран пристап кон инвестициите, со поголем фокус кон индустриите кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде проценките не се претерани. Тука главно се вклучени акциите од здравствениот сектор, секторот потрошувачка и нега, како и технолошкиот сектор, но делови од оваа индустрија се преценети и покрај натпросечниот раст на бизнисот. Затоа, советуваме поголема претпазливост кај акциите од технолошкиот сектор бидејќи приносите на овие акции остануваат многу над просекот од почетокот на годината. Диверзификацијата на портфолиото е од суштинско значење за  намалување на ризикот. Долгорочните инвеститори треба да продолжат со периодични плаќања, а оние што би инвестирале поголема сума треба да ја распределат во подолг временски период. Бидејќи цените на некои акции нагло се зголемија во последните месеци и сè уште се високи и покрај последната корекција, добивките на хартија се големи, можниот посилен пресврт на трендот може да донесе до брза и длабока корекцијa. Од друга страна, имаме некои акции во индустријата кои се чинат многу ефтини, но во моментов не се популарни кај инвеститорите. За трпеливите инвеститори, ова е веројатно крајно време за благо зголемување на изложеноста на овие сегменти на пазарот. Како што вели Бафет – плашете се кога другите се алчни и бидете алчни кога другите се плашливи.


Слично

Поврзани вести