Економија, финансии, бизнис

Контакт

Генерали Инвестментс: Пандемијата и Омикрон воведоа нова променлива во економиите и пазарите

Генерали Инвестментс: Пандемијата и Омикрон воведоа нова променлива во економиите и пазарите

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

Зад нас е многу разновидна и нестабилна недела. Пандемијата и Омикрон воведоа нова променлива во економиите и пазарите, што им го отежна носењето одлуки на политичарите и централните банки, а со тоа и на инвеститорите. Вестите за новиот вид сè уште се прилично скромни, но се чини дека овој вид е помалку опасен, што значи дека помал % од позитивните луѓе имаат потреба од болничко лекување. Ако овие тврдења се покажат како точни за неколку недели, тоа ќе биде одлична вест за глобалната економија, но во исто време веројатно ќе значи и побрзо темпо на стегање на ликвидноста и евентуално нагло зголемување на каматните стапки. Целата ситуација може да испадне горкo – слаткa за пазарите што ќе донесe силни ротации од акции на компании кои што се сметаа за победници во пандемијата, во акции на компании кои имаат подобра перспектива во услови на отворање на економиите, како и заострување на ликвидноста и повисоки каматни стапки. Ситуацијата е исклучително комплицирана и го отежнува донесувањето одлуки од страна на инвеститорите . Флуктуациите на пазарите во последните денови се само одраз на оваа сложена ситуација.

Конечно е потпишан германскиот коалициски договор, што значи дека новите лица ќе го продолжат континуитетот, а сите нови промени ќе бидат „умерени“. Главна тема за новогодишните празници секако ќе биде пандемијата и затворање на јавниот живот. Оваа пандемија останува главно политичко и економско прашање втора зима по ред во Европа. Во САД повеќе се занимаваат со инфлацијата, која дури сега доаѓа до израз во Европа. Цените на енергетските пазари остануваат високи и покрај нивната корекција. Цените на суровата нафта сепак се вратија на 70 долари за барел. Новата германска влада би одредила минимална цена за купоните за CO2, а тоа ќе ги зголеми цените на гасот и електричната енергија. Oчекуваме доста висока инфлација во следните неколку месеци од 5%, а пролетта ќе биде пресудна. Логистичките предизвици во синџирите на снабдување остануваат високи. Бројот на бродови кои чекаат пред американските пристаништа на западниот брег (на пример, Лос Анџелес) продолжува да расте. Но, како што вишокот на побарувачка генерирана од постпандемиското отворање донекаде се намалува, логистичките проблеми се чини дека олабавија. Apple известува за помала побарувачка на паметни телефони, што го намалува притисокот особено врз производителите на матаријали.

Во Азија се чини дека проблемите не исчезнуваат. Сагата на најголемата компанија за недвижнини Евергранд продолжува и се чини дека наскоро ќе доведе до банкрот. Со цел да се промовира ликвидноста и довербата, Централната банка на Кина ја намали т.н. RRR стапка, тоа се задолжителните резерви на кинеските банки, со што се дава инјекција на ликвидност на растечката кинеска економија. Тоа веројатно нема да биде доволно, но сепак е подобро од ништо. Продолжуваат проблемите и на пазарите на капитал, каде кинеските власти продолжуваат да го стегаат обрачот околу технолошките компании и бараат тие да се вратат на листата на кинески берзи, додека американските органи за надзор бараат пристап до супервизорите на сите компании кои котираат на американските берзи. Очигледно е дека Кина нема да попушти, па на среден рок (1-2 години), ветуваат повлекување на кинеските акции од САД и нивна котација на кинеските берзи. Ова во голема мера ги исплаши инвеститорите, бидејќи американскиот пазар е најликвидниот и најпријателски настроен кон малите инвеститори, додека кинескиот пазар е релативно затворен, хиперрегулиран и, пред сè, ограничен на големи странски играчи. Паниката доведе до остри падови, а потоа и враќање, но кинеските технолошки акции остануваат многу ризична и нестабилна инвестиција што инвеститорите се повеќе ја избегнуваат, иако вреднувањата станаа многу привлечни во споредба со потенцијалот за раст.

По силната корекција на црниот петок минатата недела, европските и американските берзи главно закрепнаа и повторно беа многу блиску до нови рекорди, а некои акции постигнаа нови рекорди. Имаше силна ротација од минати победници кон нови или стари, занемарени приказни. Технолошките акции стагнираа, а некои дури и продолжија да се корегираат, додека индустријата, финансиите, производите за широка потрошувачка и други забележаа убав раст. Закрепнаа и акциите во секторите енергија и снабдување. Најголема корекција е забележана кај досегашните акции од висока технологија, каде вреднувањата се највисоки, но во исто време се чувствителни на евентуален пораст на каматните стапки. Ризикот од зголемување на каматните стапки имаше силно негативно влијание и врз некои акции, кои понекогаш се однесуваат како обврзници, на пр. телекомуникациите. AT&T и Verizon, двата најголеми американски комуникациски оператори, драстично паднаа во последната недела или две, а вреднувањата станаа екстремно ниски. Но, стравот има големи очи и акциите во моментов се непопуларни. Слично нешто им се случи и на операторите во Европа, само во помала мера. Натпросечната нестабилност опстојува и на пазарите на обврзници, но сепак е помала отколку на берзите. Американската 10-годишна обврзница нуди и 1,43% годишен принос, додека германската 10-годишна обврзница -0,39% годишен принос. Со зголемената инфлација и двете нудат околу 5% реални негативни годишни приноси, што останува историски еден од најлошите периоди за долгорочните инвеститори. Доларот останува меѓу 1,13 и 1,14 долари за евро, што е одговорност на ЕЦБ поради извозниците, но во исто време постои се поголем ризик од големо поместување на девизните пазари доколку повторно дојде до изненадување од централните банки.

Совети за инвеститорите:

И покрај потенцијалниот нов вид омикрон, пазарните движења и понатаму се водени првенствено од очекувањата за нивоата на каматните стапки и ликвидноста која ја обезбедуваат централните банки. Обврзниците се помалку атрактивни, бидејќи приносите прилагодени на инфлацијата се мизерни и главно негативни, а заедно со негативните банкарски приноси, тие продолжуваат да ги принудуваат инвеститорите главно на вложувања во акции и недвижен имот. Диверзификација на портфолијата останува приоритет и препорачливо е портфолиото да се подели на различни класи, меѓу акции, обврзници или пари. Инфлациските очекувања растат, а повисоката инфлација веројатно ќе трае најмалку во текот на целата 2022 година. Технолошките акции и акциите во е-трговијата и работата од дома се сегменти за натпросечен раст на работењето кој е заснован на долгорочни трендови, така што тие остануваат привлечни, но неодамнешните резултати, заедно со високите проценки, ги смируваат очекувањата за раст. Инфлацијата и растот на каматните стапки остануваат нивни главни непријатели. Со високите проценки, ризични пандемични случувања и неизвесни идни политики на централните банки, инвеститорите остануваат претпазливи. Инвестициите надвор од технолошкиот сектор остануваат атрактивни поради пониските вреднувања и различните динамики на развојот на индустријата. Секторот енергетика, снабдување и финансии остануваат во прв план, како заштита во случај на инфлација и секако, поради силниот раст на цените на енергијата, што се одразува и во нивните биланси.

Ниските проценки во здравствената индустрија се помалку атрактивни поради реформата на американскиот здравствен систем, но се чини дека реформата ќе биде помалку темелна отколку што се чинеше пред неколку месеци. Меѓу регионите, Европа се издвојува по атрактивност, но заостанува зад САД во однос на растот. Во САД, големата тежина на ИТ компаниите бара поголема претпазливост. Кина, а со тоа и пазарите во развој остануваат ризични поради политичкото мешање, а со тоа и помалку привлечни за повеќе краткорочни инвеститори, бидејќи мешањето на политиката во економијата го отежнува предвидувањето на работењето на компаниите, кое е влошено според последните разултати. Но, поради пониските вреднувања, се појавуваат одредени инвестициски можности кај долгорочните инвеститори. За мал дел од портфолиото, добрите приноси од дивиденди и атрактивни проценки го држат привлечен нашиот регион Централна и Југоисточна Европа. Инвеститорите со долгорочни цели за штедење треба да бидат трпеливи и да продолжат со периодични уплати, додека оние кои би инвестирале поголема сума, истата потребно е да ја распределат на подолг временски период. Дигитализацијата, автоматизацијата, е-трговијата, работата од дома, почистата енергија, работењето во согласност со социјалните и еколошките норми и почитувањето на таканаречените препораки на ESG се долгорочни трендови и фокусирањето на долгорочните трендови гледано историски, се покажа како важна компонента за постигнување натпросечни приноси.

Слично

Поврзани вести