Економија, финансии, бизнис

Контакт

Генерали Инвестментс: На финансиските пазари ни оваа недела немаше одмор

Генерали Инвестментс: На финансиските пазари ни оваа недела немаше одмор

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

На финансиските пазари ни оваа недела немаше одмор

Неодамнешните настани на американските берзи дадоа навестување дека апетитот за ризик полека се враќа на акциските пазари. Главните берзански индекси во моментов се над минимумот постигнат во јуни, а закрепнувањето на поризичните класи на инвестиции, кои беа под најголем притисок во последните месеци, исто така зајакна последнава недела. Сезоната на квартални резултати е во полн ек, а компаниите кои досега објавиле (20% од сите компании од S&P 500) покажале поголема отпорност на променливото економско опкружување. Snap, сопственикот на популарната апликација Snapchat, донекаде ја расипа сликата за време на викендот. Погрешните прогнози за приходите и профитот на компанијата доведоа до пад на цените на акциите за речиси 40% за само еден ден. Snap не се вбројува меѓу најголемите технолошки гиганти, но беше интересно да се види силното влијание од објавата на резултатите врз целиот пазар. Стагнирањето на растот на приходите од реклами  се гледа како повик за будење за некои многу поголеми компании кои во голема мера се потпираат на дигитално рекламирање – Мета платформите (поранешен Фејсбук) и матичната компанија на Google Alphabet, на пример, изгубија повеќе од 5% од нивната вредност. Бидејќи рекламирањето има тенденција да биде рана цел на корпоративните буџетски кратења во услови на намалување на побарувачката, перформансите на сегментот во последниот квартал ќе бидат од особен интерес за компаниите од оваа индустрија што известуваат деновиве. Во екот на летото, вообичаено случувањата на финансиските пазари се посмирени, но оваа недела ќе биде интересна. Резултати ќе објават третина од компаниите во рамките на индексот S&P 500, вклучувајќи ги Apple, Microsoft, Alphabet-Google, Amazon и Meta (Facebook). Уште поголемо внимание ќе се посвети на состанокот на американската централна банка, по што се очекува ФЕД повторно да ја зголеми основната каматна стапка за 0,75%. Како надополнување на неделата со настани, во четврток ќе бидат објавени и податоци за американскиот БДП во вториот квартал, така што можната негативна бројка би значела дека американската економија технички е во рецесија (втор последователен квартал со негативен раст на БДП), но Националното биро на Економски истражувања во секој случај, нема да прогласи рецесија во САД, бидејќи другите фактори, особено невработеноста, не покажуваат знаци на намалување, барем засега.

Крај на периодот на негативни каматни стапки во еврозоната

Откако мнозинство централни банки во западниот свет веќе се навлезени во циклусот на зголемување на клучните каматни стапки, Европската централна банка минатата недела го направи само првиот голем чекор во борбата против високата инфлација. Тоа е важна пресвртница, бидејќи ЕЦБ ги зголеми каматните стапки за прв пат по 11 години, завршувајќи го 8-годишниот период на негативни каматни стапки во еврозоната. Иако не толку одамна консензусот беше дека првото зголемување ќе биде само 0,25 процентни поени, најновите рекордни мерења на инфлацијата и големиот пад на вредноста на еврото го зголемија притисокот врз носителите на одлуки во ЕЦБ. И покрај влошените показатели за економската активност, тие одлучија да се зголемат за 0,5 процентни поени сите три клучни каматни стапки. Истовремено, тие ја претставија и новата програма TPI, со која ЕЦБ ќе им помогне на членките на еврозоната при евентуалните непропорционални зголемувања на кредитните доплати на државните обврзници. Таков пример е моментално Италија, иако програмата се уште не е активирана. Во очекување на зголемување на каматните стапки, постои загриженост дека високо задолжените земји особено од Јужна Европа, повторно ќе западнат во должничка криза слична на онаа што го загрози постоењето на еврото помеѓу 2008 и 2012 година. Со програмата TPI , ЕЦБ ќе интервенира на пазарот со одредени услови за купување на обврзници на проблематичните земји и со тоа ќе ги намали трошоците за задолжување. По состанокот на ЕЦБ немаше посебни потреси на пазарите на капитал, бидејќи инвеститорите очекуваа слични потези, еврото останува на вредност од околу 1,02 американски долари.

Ниски вреднувања на пазарите во развој

Тешката економска криза во Шри Ланка, која се претвори во антивладини протести кои траат веќе неколку недели, предизвика поголема претпазливост кај инвеститорите на пазарите во развој. Во мај, Шри Ланка не успеа да ја отплати каматата на својот надворешен долг за прв пат во историјата на земјата, губејќи ја довербата на инвеститорите. Како резултат на тоа, нејзините услови за задолжување на меѓународните пазари нагло се влошија, а падот на вредноста на домашната валута и недостигот на девизи доведоа до висока инфлација и недостиг на храна, гориво и други животни потреби. Бидејќи пазарите во развој се почувствителни на повисоки каматни стапки и заладување на глобалната економија во споредба со развиените, случајот со Шри Ланка предизвика зголемување на бараните приноси на државните обврзници и во некои други азиски и африкански земји. Моментално ниските вреднувања на пазарите во развој се погодни за ризик, што нуди одредени можности. Овде се издвојува кинескиот пазар, кој со себе носи одредени ризици, но растот сепак е доволен за да привлече малку повеќе странски инвеститори.

Јулските PMI индекси за еврозоната се полоши од очекуваното

Бараните приноси на повеќето европски државни обврзници паднаа минатата недела по објавата на податоци за индексот на менаџери за набавка (PMI) кои покажуваат намалување на економската активност во еврозоната за јули. Ова ги зголемува очекувањата дека поради рецесијата, ЕЦБ ќе ги зголеми клучните каматни стапки помалку од претходно предвиденото. Бараниот принос на германската 10-годишна државна обврзница е 1,05%.

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ:

Економската и политичката ситуација во светот се влошува, но пазарите на капитал барем привремено воспоставија рамнотежа. Централните банки како најважен играч во моментов ја заоструваат монетарната политика. ФЕД се бори против високата инфлација со повисоки каматни стапки со цел да ја задржи куповната моќ на потрошувачите. Банките ги укинуват “лежарините” за депозитите, но она што повеќе загрижува од негативните каматни стапки е високата инфлација која не стивнува. Во ваква ситуација, како што покажуваат историските податоци, најдобро е да се вложува во акции, па недвижнини, потоа во обврзници и на крај во пари или депозит. Но, бидејќи сценариото за рецесија и стагфлација не е факт и бидејќи централните банки исто така можат многу брзо да го променат правецот, потребата за диверзификација на портфолиото е голема. Комбинација од акциски фондови како што се Генерали Топ Брендови, Генерали БРИК или Генерали НОВА ЕУ и паричен фонд – Генерали Кеш Депозит, треба да бидат основа на портфолиото во вакво опкружување. Дефинитивно ни претстои поразличен период од последните 10 години. Но, тоа не значи дека нема можности за инвестирање. Историјата на инвестирање покажува дека сонцето секогаш изгрева после дождот и тоа најдобро го поднесуваат оние кои се истрајни со програмираните уплати.

Слично

Поврзани вести