Генерали Инвестментс: „Jumbo rate rise“ или агресивно зголемување на каматната стапка
Портфолио
менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои
влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.
„Jumbo rate rise” е фраза која неодамна стана популарна во финансиските медиуми
„Jumbo rate rise” е фраза која неодамна стана популарна во финансиските медиуми и илустрира агресивно зголемување на каматната стапка од 0,75% на една седница на централната банка. Минатата среда, американската ФЕД го објави четвртото „ jumbo“ покачување за оваа година. Така, основната каматна стапка во САД сега се движи помеѓу 3,75% и 4%. Во исто време, ФЕД ги прекина шпекулациите за суспензија на затегнувањето на монетарната политика во наредните месеци, бидејќи каматните стапки на крајот на циклусот на затегнување се очекува да бидат повисоки од претходните проекции на ФЕД. Прогнозите на Џером Пауел за значителен октомврискиот раст на берзанските индекси, беа поништени. Она што се случи во последниот период се карактеризира со нагласена прераспределба помеѓу одделните пазарни сегменти.
Различни движења во глобалните берзански индекси и изненадувачките резултати од соодносот помеѓу доларот и еврото
Додека технолошкиот индекс Nasdaq изгуби повеќе од 15% во последниве три месеци, а повеќе од 30% од почетокот на годината, индустрискиот Dow Jones моментално е на слично ниво како пред три месеци. Од почетокот на годината изгуби „само“ 10%. Истото важи и за финансискиот сектор (-13% од почетокот на годината), секторот за основна потрошувачка (-7% од почетокот на годината), здравството (-7% од почетокот на годината) и јавните услуги (-6% од почетокот на годината), а енергетскиот сектор во 2022 година веќе доби 65%. Уште поинтересни и поизненадувачки резултати се добиваат ако се земе предвид движењето на односот меѓу еврото и доларот. Растот на доларот значително го ублажи падот на вредноста на инвестициите, па за европските инвеститори приносите на доста сегменти од американскиот пазар се дури и позитивни.
Колку се повисоки каматните стапки, толку е помала вредноста на идните или очекуваните приноси
Сепак, најследените берзански индекси се во голем минус, бидејќи технолошките акции имаат најголема тежина поради нивната големина. Основната причина за продажба на акциите од технолошкиот сектор годинава се повисоките каматни стапки, кои влијаат на сегашната вредност на идните парични текови. Колку се повисоки каматните стапки, толку е помала вредноста на идните или очекуваните приноси. Бидејќи стапките на раст на заработка кај технолошките компании имаат тенденција да бидат високи, овие акции се најчувствителни на промените во каматните стапки. Дополнително, деловните резултати од последниот квартал открија дека повисоките каматни стапки не се единствениот предизвик со кој се соочуваат технолошките гиганти. Заладувањето на економијата се одразува со забавување на растот на е-трговијата. Силниот долар има негативно влијание врз профитот генериран надвор од САД, растот на приходите од дигиталното рекламирање е значително намален, а растот на услугата „облак“ исто така успорува. Ова ги принудува компаниите да ги стегнат ремените, а исто така да прават и отпуштања. Единствениот кој сè уште некако се држи е Apple, но дури и продажбата на најновите iPhone-и успорува или е помала од очекувањата. Но, стигнавме до нова малку апсурдна пресвртница, бидејќи сега Apple вреди колку Амазон, Гугл (Алфабет), Мета или Фејсбук и Нетфликс заедно. Ако нешто пукне кај Apple, тоа ќе биде нов предизвик за главните технолошки индекси.
Каматните стапки во Велика Британија следната година ќе се зголемат на 5,25%
Минатата недела, англиската централна банка исто така донесе одлука за “jumbo” зголемување на каматната стапка од 0,75%. На финансиските пазари во моментов се предвидува дека каматните стапки во Велика Британија догодина ќе достигнат 5,25%. Но, Банката на Англија предупредува дека тоа ќе ја втурне британската економија во најдолгата рецесија од Втората светска војна. Според нивното алтернативно сценарио, каматните стапки се очекува да останат околу 3% следната година, што при релативно блага рецесија би било доволно инфлацијата да падне до посакуваните 2% до крајот на 2024 година. Инвеститорите ја сфатија веста како сигнал дека BoE наскоро ќе го заврши циклусот на зголемување на каматните стапки. Но, бидејќи инфлацијата останува многу висока, над 10%, ова оптимистичко сценарио е на сè поразнишани темели.
Планот на Кина е постепено да ја отвори земјата до март 2023 година
Непроверените шпекулации дека Кина се подготвува постепено да се повлече од својата нулта Ковид-19 политика, предизвикаа брзо враќање на пазарите во развој. Во извештајот што кружеше по социјалните мрежи минатата недела се вели дека на барање на претседателот Кси Џинпинг, високи претставници на Комунистичката партија се состанале за да разговараат околу планот за постепено повторно отворање на земјата до март 2023 година. Кинеските здравствени власти велат дека остануваат строгите мерки, но зголемената веројатност за отворањето на кинеската економија е вкалкулирана во цените на берзите. Остриот скок на цените на кинеските компании донесе одредено олеснување, но предизвиците од последниот партиски конгрес остануваат непроменети. Идниот развој на кинеската економија останува неизвесен, а тоа предизвикува непријатно чувство кај инвеститорите. Големите институционални инвеститори остануваат многу внимателни, што носи натпросечна нестабилност на берзата со зголемена активност на инвеститорите на мало.
Шпекулациите од Кина, вториот по големина потрошувач на нафта во светот по САД, исто така предизвикаа нов скок на цените на црното злато. Евентуалното укинување на мерките за Ковид би значело значително зголемување на побарувачката. Цената за барел сурова нафта WTI изнесува нешто повеќе од 90 американски долари. Уште неколку причини за оптимизам во последните недели дадоа цените на европскиот природен гас. Високите температури, полните магацини, помалата потрошувачка и мерките за ограничување на цените ги намалија повеќе од преполовените цените на акциите во споредба со август, но неколку студени зимски недели може повторно да ја влошат ситуацијата.
СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ:
Советите останаа непроменети. Се наоѓаме во период на голема неизвесност во глобалната економија, кога условите се влошуваат. Историјата нè учи дека атрактивноста на инвестирањето се зголемува, но малкумина инвеститори имаат сила да го издржат овој пад на цените и за жал повеќето од нив ја пропуштаат точката на враќање и повторно се враќаат на пазарите кога цените се веќе многу повисоки. Комбинација од акциски фондови како што се Генерали Топ Брендови, Генерали БРИК или Генерали НОВА ЕУ и паричен фонд – Генерали Кеш Депозит, треба да бидат основа на портфолиото во вакво опкружување. Причините се едноставни, а диверзификацијата е клучен фактор за успешно долгорочно инвестирање. Централните банки остануваат најважниот играч на пазарите на капитал. Монетарната политика се заострува и речиси и да нема надеж за брзо намалување на стапката во 2023 година. Главната економска политика е борбата против инфлацијата, а рецесијата е неопходно зло што мора да го прифатиме. Ова и високата цена на енергијата значително ја намалуваат довербата на потрошувачите. Штедењата се силно под влијание на високата инфлација. Нагло успорување на економскиот раст и премин во стагфлација е многу веројатното сценарио. Историските податоци покажуваат дека од главните категории на инвестиции во услови на стагфлација, акциите имаат најдобри резултати, по нив следат недвижностите потоа обврзниците и на крај пари или депозит. Бидејќи централните банки и економските политики кои брзо се менуваат остануваат непредвидливи, потребата за диверзифицирано портфолио е голема. Технолошките акции имаат голема тежина во американските индекси, така што тука се можни брзи големи потези, но останува фактот дека успорувањето на економската активност во САД е значително помало и дека економската позиција на американската економија и компаниите е многу подобра од тие во Европа или од пазарите во развој. Бидете внимателни со кинеските акции, бидејќи конгресот не донесе пресврт, туку ја зголеми неизвесноста за тоа како ќе изгледаат следните 5 години во Кина.
