Економија, финансии, бизнис

Контакт

Генерали Инвестментс: Инвестирајте, бидејќи знаете како да управувате со вашите пари

Генерали Инвестментс: Инвестирајте, бидејќи знаете како да управувате со вашите пари

Создавањето финансиски план ви помага да ја видите големата слика и да поставите долгорочни и краткорочни животни цели, клучен чекор во мапирањето на вашата финансиска иднина. Кога имате финансиски план, полесно е да донесувате финансиски одлуки и да останете на добар пат за да ги исполните вашите цели.

Инвестициските фондови ги инвестираат средства на финансиските пазари, со цел да го максимизираат профитот на инвеститорите со дефиниран ризик. Во просек нудат повисоки приноси од конвенционалните форми на заштеди во текот на истиот временски период. Единствено нешто е што треба да сте малку потрпеливи бидејќи и покрај тоа што парите може да си ги повлечете кога сакате, препорачливо време за инвестирање е барем 5 години или подолго.

Нашите производи обезбедуваат сегашна и идна финансиска сигурност. Покрај тоа што ќе ви создадат навика за штедење, ви обезбедуваат и дополнителен приход. Инвестирањето е единствениот начин на заработка од пасивен приход и е од суштинско значење за добро управување со парите!

Штедењето во инвестициски фондови е погодно за различни цели: за подобра пензија, за образование на децата или нивна подобра иднина, купување недвижен имот или автомобил, реализација на лични желби, подготовка за тешки времиња или одржување на вредноста на заштедите.

Ви претставуваме 8 главни предности на инвестирањето во инвестициски фондови:

  1. Повисоки приноси
  2. Флексибилност при вложување
  3. Ниски трошоци
  4. Постојана достапност до вложените средства
  5. Професионално и безбедно управување
  6. Диферзификација и понисок ризик
  7. Пренос на средствата низ фондовите без трошоци
  8. Валутна заштита

Слично

Поврзани вести