Економија, финансии, бизнис

Контакт

Генерали Инвестментс: Инфлацијата ќе трае подолго од очекувањата на јавноста

Генерали Инвестментс: Инфлацијата ќе трае подолго од очекувањата на јавноста

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

Средината на октомври, кој се смета за еден од најлошите месеци за инвестирање, донесе нови берзански рекорди. Но јазот меѓу пазарите и економијата расте. Аналитичарите и економистите зборуваат постојано за зголемување на цените на суровините, зголемените логистички проблеми и последователно повисоката инфлација. Централните банкари се обидуваат да најдат одговор на овие проблеми, па се погласни се разговорите за ограничување на ликвидноста, но пазарите не се заинтересирани за сето тоа.

Добрите резултати за третиот квартал и солидните прогнози за напредување ги поттикнуваат инвеститорите да го насочат вишокот ликвидност на пазарите на капитал. Банките имаат многу пари, иако каматните стапки се негативни. Тоа беше незамисливо до пред неколку години. Во последно време не трошат ниту луѓето, главно затоа што се одложуваат испораките и нема производи во одредени категории, а компаниите не ги наоѓаат вистинските инвестициски идеи. Ова го намалува очекуваниот раст на БДП.

Кина и Јужна Кореја разочараa изминатата недела, а прогнозите во Германија драстично се намалија, но за разлика од азиските конкуренти, Германците ги корегираа очекувањата за 2022 година во нагорна линија. Следната година е речиси во облаци, но сепак звучи убаво да биде подобро во иднина. Реториката на централните банки се менува во последните денови. Пореткa е фразата дека инфлацијата е минлива, а до израз доаѓа сознанието дека 2022 година ќе биде година на значително повисока инфлација. Ова со себе носи предизвици во политиката на плати, бидејќи пазарот на труд во САД и Европа, кој се соочува со недостиг на соодветно квалификуван кадар, може да го очекува уште потешка ситуација.

Зголемените  очекувања за заострување на ликвидносната политика на ФЕД и ЕЦБ се спречени од натамошното влошување на гореспоменатите економски показатели, па затоа постои предупредување дека ФЕД и ЕЦБ не можат прекумерно да ги зголемуваат каматните стапки без да го намалат сериозно веќе забавеното повоено закрепнување. Накратко, ситуацијата останува исклучително сложена и не е исклучена можноста за лизгање во стагфлација. Се чини дека централните банки веќе немаат добри одлуки, туку избираат помеѓу помалку лошите.

Наспроти очекувањата, пазарите на капитал поставуваат нови рекорди. Причина се солидните деловни резултати кои се подобри од очекуваните, а пред се компаниите прогнозираат солиден раст во иднина. Растот е широк, а главните актери не се исти како во периодот пролет-лето. Последните неколку дена беа главно добри за финансискиот сектор, енергетиката и селективно, технолошки ориентирани компании. Една таква компанија е Tesla, од која Model 3 за прв пат е најпродаваниот автомобил во Европа, во конкуренција на мотори со внатрешно согорување. Акциите на тој начин скокнаа и компанијата ја надмина магичната граница од 1.000 милијарди пазарна капитализација. И тоа за само 11 години. Тесла успешно го избегнува недостигот на чипови, што многу ја мачи конкуренцијата, особено јапонските, но и европските и американските возачи на автомобили.

Од друга страна, тука е Фејсбук, кој објави послаби резултати, но акциите се одржуваат солидно поради најавениот рекорден тежок откуп на сопствени акции од 50 милијарди долари. Фејсбук е особено погоден од загубата на помлади корисници, кои поретко креираат профили и трошат уште помалку на плтформата. Како резултат на тоа, секторот за комуникации е втурнат во црвената зона како единствен негативен сектор во изминатата недела.

Во преден план останува негата, додека поради растот на цените на енергијата и зголемените очекувања за ограничувања на ликвидноста, со тоа и зголемувањето на каматните стапки, расте финансискиот сектор. Но, минатонеделниот победник беше здравствената индустрија, која порасна за повеќе од три проценти, благодарение на добрите деловни резултати и привлечните вреднувања во индустријата. Енергијата малку заостана овој пат, но нафтата со 85 долари за барел и очекувања дека наскоро ќе биде 100 долари за барел ја зголемуваат шпекулативната природа на тргувањето со енергетски акции. Останува фактот дека вреднувањата во индустријата остануваат атрактивни и евентуалниот пораст на цената на нафтата до 100 долари само би ја зголемил таа привлечност, па овие акции остануваат многу атрактивни. Во наредните денови не очекува поплава од најави за деловни резултати, вклучувајќи ги и преостанатите технолошки гиганти, кои ќе ја одредат насоката на пазарот. Најавите на Кина за воведување данок на имот и шпекулациите за данок на луксуз продолжуваат да сигнализираат дека ситуацијата се уште не е стабилизирана. Но, сепак се чини дека најлошото помина за интернет гигантите, па за нивните акции повторно се најдоа купувачи. На пазарите во развој, во последните денови вниманието се насочува кон Турција и Јужна Америка. Турската лира е во слободен пад бидејќи инвеститорите веќе немаат трпение да се мешаат во политиката на секојдневни одлуки на централната банка и пониските каматни стапки во услови на зголемена инфлација од над 20% годишно. И во Бразил слична приказна, дури и таму погрешната економска политика не наоѓа одговор на актуелните предизвици, а берзата во Бразил се најде меѓу најлошите оваа година, паѓајќи во надолниот тренд на мечкин пазар по падот  од 20 проценти. Сето тоа е и покрај силната застапеност на нафтените и суровински компании во индексите. Пазарите на обврзници продолжуваат да губат или бараните приноси продолжуваат да растат. Очекувањата за инфлација растат и го достигнуваат своето највисоко ниво од 2013 година. Со тоа, американската 10-годишна обврзница се приближува до принос од 1,7%, додека слична германска обврзница едвај опстојува во негативната зона. Проблемот со обврзниците е што поради високата инфлација тие имаат реален негативен принос (минимум прилагоден за инфлацијата), што врши голем притисок врз осигурителните компании и пензиските фондови.

Совети за инвеститорите:

Насоката на пазарите е диктирана од очекувањата за нивото на каматните стапки и ликвидноста обезбедени од централните банки. Обврзниците се скапи, бидејќи приносите приспособени за инфлациските очекувања се мизерни, главно негативни и заедно со негативните банкарски приноси, инвеститорите продолжуваат да бидат принудени главно на инвестиции во акции и недвижен имот. Диверзификацијата на портфолиото останува приоритет и препорачливо е портфолиото да се подели на различни класи, меѓу акции, обврзници или пари. Очекувањата за инфлација остануваат високи и повисоката инфлација најверојатно ќе трае подолго од очекувањата на јавноста.

Технологијата, е-трговијата и акциите на компании за работа од дома се сегменти со натпросечен раст на бизнисот базиран на долгорочни трендови, така што тие остануваат атрактивни, но пониските прогнози со најновите резултати во комбинација со високите вредности ги намалија очекувањата за раст. Инфлацијата останува нивниот главен непријател. Со високите вредности, геополитичките тензии и неизвесните идни политики на централната банка, инвеститорите стануваат повнимателни. Несигурноста во технолошкиот сектор и азиските пазари се воведува со мешање на кинеските власти во економијата и самата структура и правила на пазарот.

Инвестициите надвор од технолошкиот сектор остануваат атрактивни поради пониските вредности и различната динамика на развој на индустријата. Во последните недели, секторите енергетика, снабдување и финансии дојдоа до израз, како заштита од инфлација и се разбира, поради силниот раст на цените на енергијата, што се рефлектира и во нивните биланси. Пониските вредности во здравствената индустрија минатата недела поради обновениот обид за реформа на здравствениот систем во САД ја направија помалку привлечна. Меѓу регионите, Европа се издвојува по атрактивност, на САД им треба поголема претпазливост поради големата тежина на ИТ компаниите, а Кина и нејзините пазари во развој остануваат ризични поради неодамнешните настани и со тоа помалку привлечни за пократкорочни инвеститори. За трпеливи долгорочни инвеститори, поради поволните вреднувања, се појавуваат одредени можности за инвестирање. За мал дел од портфолиото, добрите приноси од дивиденда и привлечните вреднувања ја одржуваат атрактивноста на нашиот регион во Централна и Југоисточна Европа.

Инвеститорите со долгорочни цели за штедење треба да истраат и да продолжат да вршат периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголем износ, истиот треба да го распоредат во подолг временски период. Дигитализацијата, автоматизацијата, е-трговијата, работа од дома, почистата енергија, водењето бизнис во согласност со општествените и нормите на животната средина и почитувањето на таканаречените препораки за ЕСГ се долгорочни трендови и фокусирањето на долгорочните трендови историски е важна компонента во постигнување на натпросечни приноси.


Слично

Поврзани вести