Генерали Инвестментс: Економската и политичката ситуација во светот останува многу кревка
Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.
Преглед на моменталните случувања:
По речиси два месеци oпаѓање на вредностите на главните берзански индекси, крајот на мај донесе само малку поголем оптимизам кај инвеститорите. Американскиот S&P 500 ја прекина седумнеделната негативна серија со речиси 7% скок на неделно ниво. Сите 11 индустрии во рамките на S&P 500, тргувањето го завршија во зелено, со раст особено изразен во индустриите кои беа најтешко погодени во последните недели. Повторно се истакна енергетскиот сектор кој од почетокот на годината забележа раст од речиси 60 %. Пресвртот започна минатата недела по објавувањето на записникот од состанокот на Федералните резерви на САД, каде во јавноста беа претставени детали од ставовите на централните банкари за монетарната политика. На последниот состанок одржан на почетокот на мај, сите членови на комитетот го поддржаа зголемувањето на каматната стапка за 50 базични поени на следните состаноци, сè додека не се постигне неутрална каматна стапка (во моментов, неутралната каматна стапка на САД, која не ја стимулира или успорува економијата, се проценува на 2,25% – 2,5%). Пазарот ја прими веста позитивно, бидејќи неодамна се шпекулираше за повисок пораст од 0,75%, на следниот состанок кој ќе се одржи во средината на јуни. Закрепнувањето (барем краткорочно) на американската берза е забрзано со податоците од економските показатели, што поради необичната и непредвидлива ситуација во која се најде светската економија поради војната и ковид-19, во последно време даваат измешани сигнали, што дополнително се одразува на изразената нестабилност на финансиските пазари. Се очекува послабите економски показатели да ја намалат подготвеноста на ФЕД за дополнително зголемување на каматните стапки.
Во зелено беа обоени и најголемите европски берзи. Индексите на менаџерите за набавка паднаа на месечна основа вторпат по ред во мај, но економската активност во приватниот сектор останува охрабрувачка. Конкретно, побарувачката за услуги и покрај инфлацијата, сè уште не покажува некои големи знаци на намалување. Високото ниво на заштеди на населението од периодот на пандемијата веројатно значително ќе придонесе за ова. ЕУ ги обновува разговорите за санкции против руската нафта, откако стана јасно дека договорот за целосна забрана не е изводлив. Европската комисија сега предлага забрана за увоз на нафта по морски пат. Унгарија, Словачка и Чешка сè уште би можеле, барем привремено, да увезуваат руска нафта преку гасоводот „Пријателство“. Цените на нафтата на пазарот повторно благо пораснаа во последните недели, во очекување на новите санкции на ЕУ кои се очекува да бидат заострени по запленување на два грчки танкери со помош на иранската морнарица, како одмазда за американското запленување на иранска нафта од танкери во близина на грчкиот брег.
Кинеската економија и берзата остануваат под влијание на политиките и затворањата од нултата Ковид-19 политика. Во дел од поголемите градови, на чело со Шангај, ограничувањата постепено се укинуваат, но претседателот Xi Jinping инсистираше на многу строг пристап за спречување на епидемијата и покрај зголеменото противење од некои други високи функционери на Комунистичката партија. Ситуацијата на кинескиот пазар на недвижности исто така останува деликатна, бидејќи листата на ликвидни компании за време на кризата расте. Greenland holdings, кој побара одложување на рокот за отплата на долгот до крај на јуни, е првата компанија со вакви проблеми што е делумно во сопственост на кинеската влада. Нешто поголем оптимизам за инвеститорите на кинескиот пазар донесе веста дека администрацијата на Бајден размислува за делумно повлекување на царините за 8.000 кинески производи воведени од САД во времето на Трамп во царинските војни од 2018 година.
На девизните пазари, ситуацијата во последните неколку дена благо се промени по силниот раст на доларот во однос на еврото. Најниските достигнати нивоа од само 1,05 долари за евро, драстично се подобрија на 1,06 минатата недела, што покажува дека динамиката се смирува, а паритетот може да биде дури и предалеку. Најмногу зависи од политиките на централната банка и случувањата на пазарите на обврзници. Приносите на американските 10-годишни обврзници драстично паднаа во последните две недели од над 3 % на околу 2,75 %. Во меѓувреме, растот на бараните приноси на европските обврзници продолжува, бидејќи германската 10-годишна обврзница останува на 1%, италијанската на речиси 3%, а словенечката на солидни 2,2 %.
СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ:
Економската и политичката ситуација во светот останува многу кревка и како резултат на тоа, пазарите продолжуваат со остри флуктуации. Централните банки како најважен играч во моментов ја заоструваат монетарната политика. ФЕД предвидува многу повисоки каматни стапки со цел да се задржи куповната моќ на потрошувачите. ЕЦБ прогнозира зголемување на каматните стапки во лето и почеток на есен. Така, негативните каматни стапки стануваат минато. Што значи тоа за банкарските депозити, останува да видиме. Веројатно нема да има повеќе негативни каматни стапки за штедачите во банки, но што кога на штедењето влијае растечка инфлација поголема од негативната каматна стапка од 0,50%, која не покажува знаци на попуштање. Во такво опкружување, каде што силното успорување на економскиот раст е факт, а движењето кон стагфлација е сосема можно, инвестирањето е многу тешко. Во ваква ситуација, како што покажуваат историските податоци, најдобро е да се вложува во акции, па недвижнини, после тоа обврзници и на крај во пари или депозит. Но, бидејќи сценариото за рецесија и стагфлација не е факт и бидејќи централните банки исто така можат многу брзо да го променат правецот, потребата за диверзификација на портфолиото е најголема денес од последната криза. Комбинација од акциски фондови како што се Генерали Топ Брендови, Генерали БРИК или Генерали НОВА ЕУ и паричен фонд – Генерали Кеш Депозит, треба да бидат основа на портфолиото во вакво опкружување. Минатата година кинеските акции беа главно синоним за стрес, но приказната полека се врти. Оценките станаа поатрактивни, профилот на раст е сè уште атрактивен, а Кина, како една од ретките земји, ја ослободува монетарната политика и го преплавува пазарот на пари. Се чини дека следува период кога кинеските акции повторно ќе понудат натпросечни приноси во споредба со остатокот од светот. Дефинитивно ни претстои поразличен период од последните 10 години. Но, тоа не значи дека нема можности за инвестирање. Историјата на инвестирање покажува дека сонцето секогаш изгрева после дождот и тоа најдобро го поднесуваат оние кои се истрајни со програмираните уплати.
