Генерали Инвестментс: Доларот и еврото достигнаа паритет, што е прв пат после 2002 година
Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. Вложувањата во хартии од вредност продолжија со умерено закрепнување, за европските инвеститори и поради зајакнувањето на доларот.
Преглед на моменталните случувања:
Минатата недела забележавме континуирано стабилизирање на пазарите на капитал. Вложувањата во хартии од вредност продолжија со умерено закрепнување, за европските инвеститори и поради зајакнувањето на доларот. Економските показатели сугерираат дека веќе сме влезени во рецесија. Ова треба да значи крај на зголемувањето на каматните стапки во догледна иднина. Тоа треба да биде добро за пазарите на капитал, особено за акциите.
Во петокот, сликата беше донекаде нарушена со моќните податоци од американскиот пазар на труд, кои покажаа континуирано стабилно ниво на вработеност. Тоа е важно за инфлацијата, која останува централна тема на политиката на централната банка. Ако инфлаторните очекувања се прелеат на пазарот на трудот и на платите, тогаш централните банки, а со тоа и сите ние, ќе имааме голем проблем. Стагфлацијата е сценарио кое се обидуваме да го избегнеме по секоја цена.
Во светло на политичката неизвесност предизвикана од војната во Украина и претстојните избори во САД за Конгресот и Сенатот, се чини дека смирувањето на ситуацијата е само привремена. Пред се, внатрешната политичка ситуација во САД може да донесе дополнителна нестабилност на американските пазари. Одзивот на гласачите кои имаат позитивна оценка за актуелната американска администрација продолжува да опаѓа, а Бајден останува главниот виновник за високата американска инфлација. Цените на горивата, кои се сметаат за најочигледен знак на инфлација, покажуваат знаци на смирување и постепено намалување, но високите цени на енергетските производи и суровините полека си го пробиваат патот преку синџирите на снабдување и најверојатно ќе почнат да влијаат врз билансите на компаниите. Кварталот заврши, а за неколку недели можеме да ги очекуваме првите информации за работењето во вториот квартал и пред се прогнозите за втората половина од годината. Засега е охрабрувачки што компаниите не се премногу загрижени, но критичниот период за објави допрва доаѓа. Очекувањата на аналитичарите за растот на профитот на американските компании продолжуваат да бидат прилично оптимистични и најверојатно претерани, но ако влошувањето на состојбата е минливо, тогаш пазарот може успешно да го надмине тоа на овие или дури и на неколку повисоки нивоа. Најсилна реакција на ова имаше технолошкиот сектор, кој минатата недела забележа раст од речиси 7 %. Меѓутоа, доколку прогнозите се полоши при што добивката ќе забележи поголем пад, тогаш можеме да очекуваме уште една надолна корекција. Слично сценарио се случува и во Европа, каде што прогнозите се чини дека се малку пооптимистички отколку во САД, а претстојната рецесија веројатно ќе влијае на овие очекувања повеќе отколку во САД. Како резултат на тоа, инвеститорите се воздржани, а европските берзи повторно губат повеќе од американските. Европските економски показатели, особено PMI, се влошува побрзо од американскиот, што сугерира дека економскиот оптимизам пресушува. Северниот тек во моментов е запрен поради делот за одржување. Канада по блокадата ќе ја врати клучната турбина за пренос на гас во Европа, но дали „Северен тек“ ќе се рестартира на крајот на јули останува неодговорено прашање. Како резултат на тоа, цените на енергијата повторно пораснаа минатата недела во Европа. Некои енергетски компании кои се во голема мера зависни од увоз на гас од Русија (германска Uniper) или имаат проблеми во производството на електрична енергија (француска EDF) ќе бидат национализирани поради неопходната потреба од неколку милијарди државна помош.
Од друга страна, економските показатели во Кина се подобруваат. Тоа се должи на лабавата монетарна политика што ја тера централната банка на Кина која отстапува од другите големи централни банки и отворањето на економијата по Ковид-19 (иако со постојана закана од повремено целосно затворање). Инфлацијата се зголемува и во Кина, особено цените на храната, но со годишна инфлација од 2,5% на крајот на јуни, таа изгледа смешно ниска во споредба со Европа и САД. Затоа, берзата продолжува да расте, особено технолошките компании. Така, во последните три месеци, кинеските акции остварија приноси над петнаесет проценти, со што ги надминаа американските и европските индекси за 20 процентни поени. Кинеските акции и во наредните месеци ќе бидат атрактивна инвестиција, бидејќи покрај прифатливите вреднувања нудат работа во полабава монетарна политика и пред сè, олеснување на регулаторниот притисок врз најголемите, особено технолошките компании.
Слично на пазарите на капитал, пазарите на обврзници се ребалансираа во последните недели. Голем број на зголемувања на каматните стапки имаат големо влијание, но очекувањата за мај се смирија. Податоците за инфлација во текот на летото ќе бидат важни за да покажат дали овие очекувања за одредени зголемувања имаат некаква основа или се замок во облаци. Американската 10-годишна обврзница има принос од околу 3%, германската обврзница 1,3%, додека приносот на италијанската обврзница изнесува 3,2%, а на словенечката 2,2%. Долгорочните каматни стапки на хипотеките во САД, исто така, донекаде паднаа, така што 30-годишната стапка сега изнесува 5,8%, што е под 6% од пред неколку недели. Ова носи олеснување на пазарот на недвижности, каде што веќе видовме значителна амортизација во одредени делови на САД.
Доларот и еврото достигнаа паритет, што е прв пат после 2002 година, откако еврото падна на вредност од 0,83 долари за евро во време на dot-com кризата од 2001-2002 година. Најверојатно еврото ќе продолжи да ја губи позицијата во однос на доларот во наредните месеци. Кога ќе стане појасно како ќе изгледа енергетската криза оваа зима во Европа и колку длабока ќе биде рецесијата, можеме да очекуваме стабилизација и евентуално брз и силен пресврт.
СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ:
Економската и политичката ситуација во светот се влошува, но пазарите на капитал барем привремено воспоставија рамнотежа. Централните банки како најважен играч во моментов ја заоструваат монетарната политика, но инвеститорите веќе ја гледаат 2023 година и очекуваат стопирање на зголемувањето на каматните стапки поради рецесијата. ФЕД се бори против високата инфлација со повисоки каматни стапки со цел да ја задржи куповната моќ на потрошувачите. Очекуваме и зголемување на каматните стапки на ЕЦБ. Наскоро нема да има веќе негативни каматни стапки за штедачите во банки, но и повеќе од негативната каматна стапка од 0,50%, врз заштедите влијае високата инфлација која не стивнува. Во ваква ситуација, како што покажуваат историските податоци, најдобро е да се вложува во акции, па недвижнини, потоа во обврзници и на крај во пари или депозит. Но, бидејќи сценариото за рецесија и стагфлација не е факт и бидејќи централните банки исто така можат многу брзо да го променат правецот, потребата за диверзификација на портфолиото е голема. Комбинација од акциски фондови како што се Генерали Топ Брендови, Генерали БРИК или Генерали НОВА ЕУ и паричен фонд – Генерали Кеш Депозит, треба да бидат основа на портфолиото во вакво опкружување. Минатата година кинеските акции беа главно синоним за стрес, но приказната полека се врти. Оценките станаа поатрактивни, профилот на раст е сè уште атрактивен, а Кина, како една од ретките земји, ја ослободува монетарната политика и го преплавува пазарот на пари. Се чини дека следува период кога кинеските акции повторно ќе понудат натпросечни приноси во споредба со остатокот од светот. Дефинитивно ни претстои поразличен период од последните 10 години. Но, тоа не значи дека нема можности за инвестирање. Историјата на инвестирање покажува дека сонцето секогаш изгрева после дождот и тоа најдобро го поднесуваат оние кои се истрајни со програмираните уплати.
