Економија, финансии, бизнис

Контакт

Генерали Инвестментс: Инфлацијата ги голта и банкарските депозити и вложувањата во обврзници

Генерали Инвестментс:  Инфлацијата ги голта и банкарските депозити и вложувањата во обврзници

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

Минатата недела, светските берзи беа обележани главно од пад на вредноста. Овојпат најизразен на американските берзи, каде што расте песимизмот за зголемувањето на каматните стапки. Гувернерот на ФЕД, Џером Пауел, минатиот четврток изјави дека клучен пораст од 0,30% на основната каматна стапка се очекува на следниот состанок на ФЕД, што ќе се одржи на почетокот од мај. Технолошкиот гигант Netflix, на големо разочарување на своите инвеститори, придонесе за падот на главните американски берзански индекси. Компанијата објави пад на бројот на претплатници во однос на претходниот квартал, за прв пат по десет години, а прогнозите за блиска иднина не се оптимистички. Примерите на Netflix и уште еден гигант од групата FAANG, Facebook или Meta, покажуваат колку е важно да се диверзифицира портфолиото помеѓу различни сектори и видови инвестиции. До пред неколку месеци се чинеше дека ништо не може да го спречи растот на цените на акциите на двете компании. Но, факторите како што се засилена конкуренција, промена на однесувањето на потрошувачите во услови на епидемијата, регулаторните притисоци итн, ги уништија перспективите и ги намалија цените на акциите на двете компании, кои се пониски за повеќе од 50% од пред една година. Кварталните резултати на најголем дел од останатите компании во САД се доста охрабрувачки. Меѓу 20% од компаниите во индексот S&P 500 кои веќе објавија деловни резултати, значително внимание доби Tesla, чии приходи и профит повторно ги надминаа прогнозите на аналитичарите. Оваа недела, сезоната на објавување квартални резултати ќе биде на врвот, следуваат објави покрај другите и на Microsoft, Apple, Boeing, Amazon и Meta или поранешен Facebook.

Франција доби нов (стар) претседател, Емануел Макрон, кој стана првиот француски претседател на земјата по втор мандат во последните 20 години. На европските финансиски пазари, француските избори не донесоа некои големи промени, бидејќи победата на Макрон беше повеќе или помалку вклучена во очекувањата на пазарот. Инаку, европските берзи во последните денови ги следат движењата на валутите на пазарот. Поради сè поострите тонови на централните банки, вклучувајќи ја и ЕЦБ, кои на пазарот бележат повеќе од два порасти до крајот на годината, доминантна беше црвената боја. Големо внимание привлече и веста за усвојувањето на Законот за дигитални услуги, кој воведува построги правила за контрола на содржината на веб-страниците и платформите и претставува уште еден чекор за Брисел во борбата против монополот на американските технолошки гиганти.

Од останатите пазари вреди да се спомне Јапонија, која што, за разлика од западните економии, не се соочува со повисока инфлација. Економскиот раст на Јапонија останува скромен. Затоа, централната банка инсистира на исклучително лабава монетарна политика. Јенот падна на најниско ниво во последните дваесет години во однос на американскиот долар, што би можело да предизвика директна интервенција на Централната банка на Јапонија во форма на купување на јенот на отворениот пазар, доколку продолжи сличен тренд. Во Кина епидемиолошката слика се влошува, што носи нови проблеми во глобалните синџири на снабдување. По Шангај, сега очигледно се затвора административниот центар на Пекинг. Кинеската нулта ковид политика, исто така има „позитивен ефект“, како што е намалување на потрошувачката на нафта со што го ублажува притисокот врз нејзината цена. Таа паднаа под 100 долари за барел претходната недела.

На Љубљанската берза, резултатите од минатата година ги објави Телеком, кој 2021 година ја заврши со 648,2 милиони евра приходи и 37,9 милиони нето добивка. Дивидендата на Телеком годинава ќе биде нешто помала (3,5 евра по акција). Акциите на компанијата моментално котираат по цена од 59,5 евра по акција. Наспроти тоа, повисока дивиденда потврди Петрол. Годинава ќе изнесува 30 евра по акција која моментално котира по цена од 540 евра. Новата словенечка влада барем засега не се очекува да донесе некои поголеми промени на берзата.

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ:

Геополитичката ситуација и понатаму е многу непредвидлива, ФЕД сè уште ги зголемува каматните стапки поради инфлацијата, а пазарот на капитал се држи многу добро. Инфлацијата станува фокусна точка за инвестиции и заштеди. Инвестирањето во таква средина може да биде многу неизвесно на краток рок. Зголемувањето на каматните стапки во САД е неизбежно. Останува отворено прашање што ќе направи ЕЦБ во услови на зголемена инфлација. Војната, кинеското затворање поради корона и поврзаните нарушувања во логистичките синџири, како и високите цени на енергијата и суровините доведуваат до рецесија, така што централните банки имаат многу помал простор за маневрирање отколку во минатото. Цените на енергијата и суровините продолжуваат да растат или остануваат значително повисоки за разлика од пред 12 месеци. Од друга страна, приносите на банките остануваат негативни, а приносот што го нудат обврзниците е речиси 0. Инфлацијата, сепак неодоливо ги голта и банкарските депозити и вложувањата во обврзници. Одбранбениот пристап и разновидно портфолио се клучни за заштита на заштедите во оваа ситуација. Затоа, глобално диверзифицираните капитални инвестиции со комбинација на вложувања во обврзници остануваат најатрактивен избор, бидејќи капиталните инвестиции нудат одредена заштита од инфлација, а задачата на обврзниците е да го намалат ризикот на портфолиото. Акцентот е ставен на развиените пазари, посебно на САД. И покрај корекцијата, технолошките акции остануваат интересен избор за долгорочните инвеститори, бидејќи нудат раст на бизнисот и следење на идните трендови. Приказната за индустријата на снабдување е сложена поради приврзаноста кон руските енергетски извори, особено гасот, но тука сеуште постојат  можности. Финансиските акции станаа неатрактивни поради повисоката инфлација и пониските очекувања за зголемување на каматните стапки, но со зголемениот притисок дека ЕЦБ ќе мора да преземе нешто, инвеститорите похрабро влегуваат во индустријата. Пред сè, да бидеме истрајни со програмираните уплати, бидејќи историјата нè учи дека ова е убедливо најдобриот пристап за максимизирање на заштедите. Инвестирањата во тешки, предизвикувачки времиња се покажаа како натпросечни во повеќето случаи во период од пет години или повеќе.


Слично

Поврзани вести