Генерален штрајк во Словенија, за 5% ги намалиле платите во државниот сектор!
Во знак на протест против мерките за штедење на Владата во Словенија денеска штрајкуваат вработените во државниот сектор. Во протестот треба да се вклучат околу 100 илјади од вкупно 160 илјади државни службеници. Нема да работат училиштата и градинките, а здравствените установи ќе примаат само итни случаи.Ќе штрајкуваат и пожарникари, општински службеници, полицијата и царината и затоа може да се очекуваат задржувања на граничните пунктови со Хрватска.
Само 18 детски градинки и училишта соопштиле дека нема да учествуваат во штрајкот, нејасно е и учеството на лекарскиот синдикат Фидес и уште некои јавни служби.Ккао главна причина за штрајкот се наведува новиот буџет кој предвидува намалување на платите на државните службеници за 5%.
Слично
