Генерален штрајк во Хрватска
Во Загреб на пет минути беше запрен трамвајскиот и автобускиот сообраќај, два часа се стопирани железничките линии низ Хрватска, актерите од театарот „Гавела“ ќе ја прекинат претставата „Злостроство и казна“ и на тој начин ќе изразат солидарност со штрајкот што го организираат најголемите синдикати во Хрватска.
Секој на свој начин, со поголеми или помали прекини во работата, се штрајкува и во болниците, училиштата и во останатите хрватски установи. Единствен начин законски да се одржи генерален штрајк во Хрватска е доколку се работи за штрајк од солидарност.
Затоа се наведува дека мотивот за оваа акција е поддршка на работниците од неколку претпријатија кои не примиле 25 плати. Но, главната причина е несогласувањето на синдикалците со новиот предлог-закон за труд во Хрватска.
Во новиот закон за кој утре ќе расправа хрватскиот Сабор, на незадоволство на синдикатите, се предвидува пофлексибилно работно време, олеснето отпуштање на вработените, скратените отказни рокови, како и можноста за деградација на работничките по завршено породилно отсуство.
Слично
