Економија, финансии, бизнис

Контакт

Генерален штрајк на тетовските комуналци, градот пак ќе стане депонија!?

Генерален штрајк на тетовските комуналци, градот пак ќе стане депонија!?

Тетовските комунални работници започнаа генерален штрајк. Околу 300 вработени во Јавното комунално претпријатие од сите негови работни единици- водовод и канализација, комунална хигиена и механизација, паркови и зеленило, како и администрацијата, денеска се собраа пред влезот на главната дирекција во Тетово кај градскиот пазар.

Работниците бараат да им бидат исплатени 4 плати што им ги должат, како и придонесите кои не се платени уште од август минатата година. Додека не им бидат исполнети овие барања тие нема да го собираат сметот од контејнерите, а нема да ги поправаат ниту евентуалните дефекти во водоводната мрежа.

Според најавите дека протестот ќе трае секој ден од 8 до 12 часот пред управата на претпријатието, а можно е штрајкувачите да се префрлат и пред општинската зграда.

Слично

Поврзани вести