Економија, финансии, бизнис

Контакт

Генчовска го напушта Кабиентот на бугарскиот премиер

Генчовска го напушта Кабиентот на бугарскиот премиер

 Уште двајца министри во бугарската Влада денеска ќе поднесат оставки, а една од нив е шефицата на дипломатијата Теодора Генчовска, која ќе го напушти кабинетот поради меѓукоалициски несогласувања.

Втор член на Владата кој ќе си даде оставка е министерот за енергетика Александар Николов.

„Има таков народ“ претходно одлучи да стави крај на владејачката коалиција и да го напушти кабинетот. По излегувањето на партијата на Слави Трифонов од власта, оставки веќе поднесоа министерот за спорт Радостин Василев и за регионален развој и јавни дејности Гроздан Караџов. 

Според лидерот на таа партија има две причини за тоа – двојната политика на премиерот Кирил Петков кон Северна Македонија и беспарицата во земјата.


Слично

Поврзани вести