Ген-И: Ќе ја градиме првата голема соларна централа во Македонија
Енергетската словенечка компанија „Ген-И“ започнува со изградба на првата голема соларна централа воМакедонија која ќе обезбедува електрична енергија од обновливи извори, објави енергетскиот трговец во Словенија.
На компанијата ГЕН-И и се доделени три од 11 лота, што претставува 17 мегавати (MW) од вкупно понудените 35 мегавати (MW) и најголем капацитет доделен на само еден инвеститор, како дел од првиот тендер на Република Северна Македонија за изградба на соларни фотоволтаици на државно земјиште.
На Ген-И и е дадено право 50 години да го користи земјиштето за производство на електрична енергија преку соларна централа, а државата на површината ќе и даде статус на градежно земјиште со сите потребни дозволи за поставување и користење на сончевата централа, велат од компанијата.
