Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГДОМ вечерва на протести во Кичево, Кочани и Битола

ГДОМ вечерва на протести во Кичево, Кочани и Битола

Поддржувачите на ГДОМ вечерва се собраа на протести во три града.

Тие од Кичево, Кочани и Битола вечерва порачуваат дека се против деструктивни сценарија и оти само со избори ќе биде ставен, како што истакнуваат, конечен крај на деструкциите на СДСМ и кризата во која, според нив, опозицијата ја втурнала Македонија.

„Граѓаните се против попречувањето на врвното демократско право на секој човек, правото на глас. Глас со кој самиот одлучува за својата иднина, глас кој е неприкосновен и кој никој нема право да го цензурира, да го блокира. Никој нема сила да го спречи гласот на народот. Никој не смее да си игра со иднината на оваа земја, блокирајќи ги изборите за да продолжи агонијата и деструктивните сценарија. Стоп за кризата, стоп за деструкцијата“ – велат од ГДОМ. 

Слично

Поврзани вести