ГДОМ в четврток организира собир пред Собранието
Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) в четврток ќе организираа собир пред Собранието во Скопје.
Тие ќе побараат изборите да се одржат на 5 јуни, како единствен излез од кризата во која се наоѓа Македонија. Од ГДОМ се залагаат за прекин на хаосот, дивеењето по улиците и уништувањето на спомен обележјата. Минатата недела ГДОМ одржа неколку протести пред штабот на СДСМ во Скопје. Деновиве од ГДОМ соопштија дека тие целта веќе ја постигнаа, дека изборите ќе се одржат на 5 јуни по потпишувањето на решението за избори од претседателот на Собранието и по соопштението на ДИК дека избирачкиот список е прочистен.
Слично
