Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГДОМ со собири за поддршка на македонската полиција

ГДОМ со собири за поддршка на македонската полиција

ГДОМ - или Граѓанското движење за одбрана на Македонија повикува на голем народен собир за поддршка на полицијата.

Од ова движење велат дека на барање на голем број граѓани кои сакаат да ја изразат својата поддршка решиле да организираат собири за поддршка во 23 градови во државата.

„Ги повикуваме сите граѓани, стари и млади и од сите националности, денеска во 19 часот, заеднички и сплотено да ја изразиме нашата поддршка и почит на македонската полиција, да се заблагодариме за нивниот патриотизам, професионалност и непоколебливост во одбрана на нашата држава, на нашите животи и нашиот мир и обезбедување на соживот“, се наведува во соопштението на ова движење.

Имено како што е познат собирите ќе започнат во 19 часот на плоштадите во Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Валандово, Струмица, Берово, Пехчево, Делчево, Кочани, Македонска Каменица, Виница, Штип, Пробиштип, Свети Николе, Кратово, Крива Паланка, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Ресен, и во Скопје на три локации - во Општина Кисела Вода (месност кај Злате, Општина Гази Баба (плоштад Филип Втори) и Општина Ѓорче Петров (плоштад Делфина-Порта Влае).

Од ГДОМ истакнуваат дека собирите ќе бидат мирни, мирољубиви и дека нема да биде потребно дополнително ангажирање на полицијата, бидејќи, како што велат, никако намерата не е нејзино дефокусирање, туку напротив наша благодарност за нивното несебично залагање.

Слично

Поврзани вести