Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГДОМ со собири продолжува по Велигден

ГДОМ со собири продолжува по Велигден

По повод Велигден,  ГДОМ од денеска и во наредните неколку дена нема да одржува граѓански собири.

„Покажавме дека Македонија е над се, јасно покажуваме дека народот си ја сака својата држава, сака надминување на кризата, а излезот е преку изборите на 5ти јуни, бидејќи нема поголема демократија и слобода од таа народот да одлучува за својата иднина и судбина. Народот цврсто и одлучно покажува дека застанува на патот на сите деструктивни сили и е против виткање на кичмата, бидејќи народот на Македонија има достоинство и си ја сака својата држава. Продолжуваме со нашата мисија, и нашите цели, но во исто време сакаме да објавиме дека во чест на Велигденските празнувања ГДОМ од денес и во наредните неколку дена ќе паузира со граѓански собири„ - велат од ГДОМ.

Оттаму порачуваат дека повторно ќе бидат активни по празниците, затоа што за нив Македонија е над се.

Слично

Поврзани вести