Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГДОМ:Со избори ќе биде ставен крај на деструкциите на СДСМ

ГДОМ:Со избори ќе биде ставен крај на деструкциите на СДСМ

Граѓанското движење за одбрана на Македонија на собирот во Штип порача дека „За Македонија се работи“ и дека за доброто на државата избори мора да има.

Тие сметаат дека само со избори, ќе биде ставен крај на деструкциите на СДСМ и кризата во која опозицијата ја втурна Македонија.

„Граѓаните се против попречувањето на врвното демократско право на секој човек, правото на глас. Глас со кој самиот одлучува за својата иднина, глас кој е неприкосновен и кој никој нема право да го цензурира, да го блокира. Никој нема сила да го спречи гласот на народот. Никој не смее да си игра со иднината на оваа земја, блокирајќи ги изборите за да продолжи агонијата и деструктивните сценарија. Стоп за кризата, стоп за деструкцијата“ - велат од ГДОМ.

Од ГДОМ велат дека кризата ја става во незавидна положба земјата. Собири има во Штип, Велес и Ресен.

Слично

Поврзани вести