Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГДОМ протестира пред штабот на СДСМ

ГДОМ протестира пред штабот на СДСМ

Неколку илјади приврзаници на владејачката партија во организација на ГДОМ вечерва протестираат пред штабот на СДСМ.

Тие веруваат во чесните намери на претседателот Ѓорѓе Иванов, но се против амнестија на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и поранешниот разузнавач, Зоран Верушевски. Нив ги нарекоа „крвници“, на кои им се важни пари, а не им е важна Македонија.

Пред демонстрантите се обратија членовите на ГДОМ, Тони Михајловски и Александар Пандов. Тие рекоа дека и  Заев и  Верушевски мора да одговараат за она што го сториле.

На протестот е присутно силно полициско обезбедување. Претходно членовите на ГДОМ беа пред Собранието за да го изразат својот револт.

Слично

Поврзани вести