Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГДОМ отвори тетратка за да го прогласат Заев за велепредавник

ГДОМ отвори тетратка за да го прогласат Заев за велепредавник
Граѓанското движење за одбрана на Македонија вечерва покрена постапка со која бара одговорност за велепредавство на опозицискиот лидер Зоран Заев.
Дел од медиумите пренесуваат дека во Автокоманда редица граѓани чекаат да го стават својот потпис на оваа иницијатива.
Ова движење вечерва ќе одржи и трибина, а според информациите кои кружат списокот со иницијативата за Заев да биде прогласен за велепредавник ќе ја прошета цела Македонија. Утре списоците ќе бидат оставени во Кавадарци, во среда поддршка за оваа иницијатива се очекува да дадат граѓаните од Аеродром. Неколку дена оваа акција нема да се реализира поради големиот христијански празник Велигден. Од следниот понеделник секој ден ќе се посетуваат сите поголеми општини и градови во Македонија.
Слично

Поврзани вести