Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГДОМ од Велес: Се финансираат формални движења да креираат тензии

ГДОМ од Велес: Се финансираат формални движења да креираат тензии

Од Граѓанското движење за одбрана на Македонија вечерва од Велес кажаа дека се плаќаат странски агенции да организираат насилни протести.

Велат дека се финансираат формални движења,  пленуми и слични партиски здруженија да креираат меѓуетнички тензии.

„Се шири омраза помеѓу луѓето , се исмејуваат сите кои не сакаат да го прифатат нивното размислување, се лаже дека власта прислушкува, се манипулира со вистината и се креира сценарио во кое граѓаните нема да одлучуваат за тоа како сакаат да се управува нивната држава туку со неа да управува некоја самозамислена елита на луѓе со празни биографии, бивши министри и самонаречени граѓански активисти“- кажа  Александар Кукулев пред велешани.

Според него, СДСМ наместо да зборуваат за проекти и мерки, тие се фокусирани  на тоа дека нема слобода и демократија.

Слично

Поврзани вести