ГДОМ од пред Собранието ќе испрати порака за избори на 5 јуни
Пред Собранието се собираат граѓани на голем собир во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ).
Спроти Собранието е поставена бина каде се очекува да се обратат говорниците. Пред Собранието се слушаат патриотски песни. ГДОМ бара повлекување на одлуките на претседателот Ѓорѓе Иванов за аболиција на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и екс разузнавачот, Зоран Верушески. Воедно тие се за одржување на изборите на 5 јуни, со цел надминување на политичката криза во земјата.
Деновиве ГДОМ имаше собири во повеќе градови во Македонија.
Слично
