ГДОМ од Битола порачува:За Македонија се работи
Граѓани на Битола попладнево излегоа на улиците да дадат поддршка на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.
Нивната парола е „За Македонија се работи“. Велат дека излегле на протест за одбрана на државата од деструктивните сценарија и не се согласуваат волјата на народот да се погази. Тие се против аболиција на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и екс разузнавачот Зоран Верушевски. Бараат изборите да се одржат на 5 јуни. ГДОМ по кратка пауза, за в четврток најавува повторно собир во Скопје.
Слично
