ГДОМ од Битола порача дека е доста од деструктивни политики
Македонците сфатија дека деструктивноста и негативната енергија може да биде победена само со добро расположение, порача ГДОМ од Битола.
Тие бараат избори на 5 јуни и крај на кризата, но и да престане и сквернавењето на спомениците.
„Сите мора да сфатат и опозицијата и странскиот фактор, дека главниот збор ќе го кажеме ние на изборите на 5 јуни. Ги замолувам сите да се дистанцираат од нивната агресивна политика, а доколку немаат што да понудат тогаш да престанат со негирањето на легитимноста на изборите и едноставно ако немаат што да кажат нека исчезнат од политичката сцена и нека остават на некоја друга партија која по пат на добри и креативни идеи ќе си биде дел од власта“ - вели Марјан Камиловски од ГДОМ.
Протест се одвиваше по Широк сокак покрај седиштето на СДСМ во Битола.
