ГДОМ од Битола:Насилието не е опција која ќе донесе подобро утре
Граѓанското движење за одбрана на Македонија вечерва на плоштадот Магнолија во Битола, одржува собир против деструктивните сценарија спроведувани од опозицијата, рушењето на волјата на народот и одбрана на државата и институциите.
Тие велат дека нема случај никаде во светот каде опозицијата бега и се плаши од избори.
„Деструкцијата не е опција со која државава оди напред. Насилието не е опција која ќе донесе подобро утре за народот, затоа е потребна одлучност со каква располага нашиот народ, народот ќе си ја одбрани државата, слободата и зачува миророт“ - велат од ГДОМ.
ГДОМ собири ќе прави во внатрешноста, а претходните денови организираа протести во Скопје.
Слично
