Газпром за 24 Вести: Прво резултати од анализата, па потоа договор со Македонија
Прво резултати, па договор. Од седиштето на руската компанија во Москва, за 24 Вести, потврдуваат дека се чекаат резултатите од анализата која треба да покаже од каде е економски исплатливо да поминува трасата за кракот преку кој земјава ќе се поврзе со Јужен поток.
„Во зависност од резултатите ќе се прецизираат деталите во договорот“ – велат во екскузивна изјава за 24 вести од Газпром.
„Преговорите со Македонските партнери се во тек. Засега дискутираме за сите детали за студијата за исплатливост и за потпишување на договорот“ - велат од Газпром.
Министерството за финасии неделава го објави договорот кој на меѓувладино ниво беше потпишан во Москва минатата недела. Станува збор за Спогодбата за соработка при изградба на гасоводниот крак. Во неа се наведува дека „Ќе се изврши анализа, која треба да ја одреди техничката, економската, еколошката и финансиската оправданост на реализацијата на преоктот гасоводен крак. Врз основа на резултатите ќе се потврди целисходноста на реализација на проектот“.
Опозициските партии обвинуваат дека потпишувањето на спогодбата не значи и формален влез на Македонија во Јужен поток – затоа што недостига Договор.
Министерот Ставрески, кој го парафираше документот, тврди дека земјава е дел од мега стратешкиот проект со кој и се гарантира на земјава испорака на гас.
Слично
