Економија, финансии, бизнис

Контакт

Газпром стартува со изградбата на мега гасоводот Турски тек

Газпром стартува со изградбата на мега гасоводот Турски тек

Алексеј Милер, извршниот директор на Газпром, откри дека стартува изградбата на мега проектот Турски тек, кој ќе стартува од турскиот дел на Црното море и ќе заврши во Италија преку Грција и Албанија. 


„Ја завршивме мобилизацијата на работната сила и при крај се сите подготовки на терен“ посочи Милер по средбата со рускиот претседател Владимир Путин.

Во втората половина на оваа година ќе бидат поставени и првите цевки од новиот гасовод, а во 2019-та ќе бидат финиширани две линии на Турскиот тек. Подоцна една линија треба да биде пуштена и кон Република Македонија, како и кон северот на Европа.

Договорот беше потврден и меѓу Путин и Ердоган откако беа надминати несогласувањето околу Сирија. 


Слично

Поврзани вести