„Газпром“ со 35 отсто помал профит за девет месеци
Пад од 35 отсто бележи нето профитот на „Газпром“ во перидоот од јануари до септември 2014 година во споредба со првите девет месеци од 2013 година. Компанијата соопшти дека нето профитот за првите девет месеци изнесува 8,3 милијарди долари, односно 556,25 милијарди рубљи.
Само во третото тромесечие во 2014 година профитот на годишно ниво намален за 61 отсто на 105,67 милијарди рубљи. Вкупните приходи од продажба од јануари до крајот на септември зголемени се за 6,2 отсто на 4.007 милијарди рубљи, а од јули до септември се намалени за 5,9 отсто на 1.133 милијарди рубљи, стои во соопштението на „Газпром“. Нето долгот на „Газпром“ за 9 месеци е зголемен за 14 отсто, на 1.265 милијарди рубљи, главно поради растот на курсот на доларот и на еврото кон рублјата. Оперативните трошоци на компанијата од јануари до септември 2014 година во однос на истиот период во 2013 година се зголемени за 16 отсто на 3.000 милијарди рубљи. Профитот на компанијата „Норд стрим“, операторот на Северниот ток, за девет месеци е зголемен за 5,7 пати на годишно ниво на 12,65 милијарди рубљи. Уделот од 51 отсто на „Газпром“ во оваа компанија му донесе нето добивка од 6,4 милијарди рубљи.
Слично
