Газпром потклекна на кризата
Руската гасна компанија "Газпром" соопшти за раст на продажбата на природен гас, но во исто време профитот се намали со 23% на годишна основа за првите шест месеци од 2014 година.
Според објавените финансиски извештаи во периодот 1 јануари - 30 јуни 2014 година компанијата предвиде нето добивка од 450 милијарди рубљи (11,1 милијарди долари), или со 132,1 милијарди рубљи помалку во однос на истиот период минатата година. Пазарните очекувања беа за профит во износ од 484 милијарди. Рубљи.
Оперативните трошоци пак растат со 31%, или 529 милијарди рубли, до 2,2 трилиони рубљи. Главната причина за зголемувањето на трошоците се обврските на "Нафтогас Украины", истакнуваат од гасниот гигант.
И покрај овие намалувања "Газпром" објави и за раст на продажбата во Европа и во други земји, како и за зголемување на приходите од продажба. Општо земено компанијата има добиено 1,59 трилиони рубљи од продажба на природен гас, што претставува зголемување од 7% во однос на првото полугодие на минатата година.
Од податоците се гледа дека на странските пазари компанијата има продадено 86 милијарди кубни метри гас, во однос на 85 милијарди кубни метри во првите шест месеци на 2013 година. Приходите од продажба во странство се 883 милијарди рубли, што е зголемување од 7% во однос на минатата година. Причината е главно во повисоката цена, на која компанијата ја реализирала продажбата.
Просечната цена на суровината за Европа и другите странски пазари веќе е 12,8 илјади рубљи за илјада кубни метри, наспроти 11,9 илјади рубљи во првото полугодие на минатата година.
Во поранешните земји од СССР "Газпром" има продадено 30,7 милијарди кубни метри гас, во однос на 27,4 милијарди кубни метри за истиот период на 2013 година. Просечната цена за поранешните советски републики се зголеми нагло - од 7,8 илјади рубљи на 10,4 илјади рубљи за илјада кубни метри.
Најголеми количества природен гас компанијата реализирала на внатрешниот пазар - 125,4 милијарди кубни метри. Од споредбата со 2013 година, сепак се гледа дека испораките за рускиот пазар намалуваат - за првите шест месеци од минатата година "Гаспром" има продадено 133,6 милијарди кубни метри гас за своите руски клиенти. Просечната цена исто така се зголемува малку - 3,5 илјади рубљи за илјада кубни метри, наспроти 3 илјади рубљи година порано.
K.K.
Слично
