Економија, финансии, бизнис

Контакт

Газпром: „Не можеме да гарантираме добро функционирање на Северен тек“

Газпром: „Не можеме да гарантираме добро функционирање на Северен тек“

Руски Газпром најави дека не може да гарантира дека гасоводот „Северен тек“, преку кој гас се доставува во Европа, ќе може добро да работи.

„Газпром“ соопшти дека не може да потврди дека ќе може да ја добие германската турбина што беше поправена во Канада.

Гасоводот во моментов е стопиран поради редовен годишен ремонт десет дена, а европските земји стравуваат дека Москва би можела да се обиде да најде техничка причина како изговор за трајно да ја запре испораката на гас преку гасоводот и со тоа да изврши притисок врз нив во контекст на украинскиот конфликт.

Дури и пред „Северен тек 1“ да биде затворен поради ремонт, Русија значително го намали снабдувањето со гас во последните неколку недели, оправдувајќи го со недостатокот на турбини на Сименс, кои ѝ се потребни на Русија за работа на станиците за компресија на гасоводот и чиишто делови беа испратени во Канада за поправка.

„Газпром во моментов нема никаков документ што би му дозволил на Сименс да го извади турбинскиот мотор за станицата за компресија Портовај надвор од Канада“, соопшти Гаспром.

Се додава дека во такви услови е невозможно да се потврди безбедното работење на таа станица за компресија, која е неопходна за гасоводот Северен тек.

Канада во саботата објави дека ќе и ги врати турбините на „Северен тек“ на Германија и покрај воведените санкции кон Русија.

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека одлуката е тешка, но додаде дека санкциите се воведени за да се казнат Владимир Путин и неговите пријатели, а не канадските сојузници и жители на Европа.


Слично

Поврзани вести