“Газпром” ја започнува изградбата на морскиот дел на “Јужен поток”
Во средината на декември "Газпром" ќе ja започне изградбата на морскиот дел на "Јужен поток", соопшти началникот на одделот за поврзување со органите на власта во Русија Владимир Марков.
Плановите се работата да започне на 15-ти декември, со што распоредот на изградбата ќе заостанува само со месец, објасни уште Марков. За него санкциите на Западот нема да влијаат на градењето на морскиот дел, а гасоводот ќе биде пуштен во употреба сопред рокот .
Изградбата на гасоводот на руската територија не заостанува, цената на проектот, исто така одговора на параметрите за внатрешна стапка на поврат, очекувани од "Газпром", додава уште Марков.
Потсетуваме дека проектот на "Газпром" - "Јужен поток", има за цел да ги разграни правците на рускиот природен гас кон Европа. Очекувањата се полниот капацитет на гасоводот да биде постигнат во 2018 година.
Тогаш по гасоводот ќе можат да бидат извршени 63 милијарди метри природен гас годишно.
Во исто време, сепак, ЕК се закани дека ќе го блокира гасоводот и нема да дозволи негово воведување во експлоатација. Брисел не може да ја запре изградбата, но може да не издаде дозвола за користење на цевките, поради неисполнување на Третиот либерализационен пакет за енергетика.
Според руската страна сепак проектот е меѓународен и не треба да ги почитува европските правила.
Во почетокот на 2014 година беше формирана работна група на ниво на ЕУ - Русија, која треба да го усогласи "Јужен поток" во согласност со директивите на ЕК. Поради зајакнувањето на тензиите во Украина, сепак работата на експертите беше запрена.
И покрај овие пречки сепак Русија не се откажува од плановите да го гради гасоводот, макар и полека да ги губи стратешките партнери, како што се Италија, која наскоро може да објави дека "Јужен поток" не е приоритет за земјата. Во исто време, сепак, Унгарија категорично не се откажува од проектот со образложение дека нема подобра опција откако беше ставена точка на Nabucco.
К.К.
Слично
