„Газпром“ ја прекина испораката на гас за Италија
„Гаспром“ ја прекина испораката на природен гас за Италија поради регулаторниот спор во Австрија.
Се чини дека прекинот е насочен само кон Италија, која добива испораки од Гаспром преку гасовод што минува низ Австрија. На виенската ОМВ и беа доделени поголеми количества руски гас, изјави Андреас Ринофнер, портпарол на ОМВ, која увезува руски гас во Австрија.
Иако Италија почна да се исклучува од рускиот гас, прекинот на испораките ја нагласува енергетската ранливост на европските земји кон Русија, објави Блумберг.
„Газпром“ објави соопштение во кое се вели дека ги запрел испораките за Италија бидејќи австрискиот оператор одбил да ги потврди „транспортните номинации“ по регулаторните промени воведени во Австрија на крајот на септември.
Австриското Министерство за енергетика соопшти дека Гаспром не ги потпишал промените во договорот што ги одразуваат техничките корекции на правилата. Тие обично се прават на почетокот на секоја година. „Гаспром знаеше за промените со месеци“, објави австрискиот регулатор Е-Контрол на Твитер.
„Газпром“ соопшти дека работи на решавање на проблемот со италијанските купувачи. Австриската влада, исто така, рече дека работи на ова прашање на техничко ниво.
Италија порано се потпираше на Русија за околу 40% од увозот на гас, но по инвазијата во февруари агресивно ја намали таа зависност. Италија веќе набави доволно алтернативни испораки на гас од Северна Африка за да го надомести потенцијалниот недостиг оваа зима, изјавија за Блумберг луѓе запознаени со ова прашање.
