Економија, финансии, бизнис

Контакт

“Газпром” ја освојува Турција

“Газпром” ја освојува Турција
Gazprom Schweiz AG, дел од групацијата "Газпром", поднела барање за купување на удел во турската компанија за гас Akfel Gaz. Договорот ќе го направи рускиот гигант најголемиот гасен оператор во Турција. Преземањето на контролата во Akfel Gaz "Гаспром" ќе го спроведе со купување на акциите на четворица турски државјани - Фатих Балтаджи (раководител на Akfel Holding која ја контролира Аkfel Gaz), Мурад Абдурахман Балтаџи, Мехлика Бетул Балтаџи и Мелик Балтаџи. Работата на Gazprom Schweiz е фокусирана на богатиот со ресурси регион на Каспиското Море. gaz Вкупните резерви на природен гас во Казахстан, Узбекистан, Азербејџан и Туркменистан се околу 11% од светските резерви. Во рамките на групацијата "Газпром" компанијата Gazprom Schweiz е одговорен за купување на природен гас во овие земји, се наведува на интернет страницата на компанијата. Се очекува владата на Турција да го разгледа во наредните недели барањето на "Газпром". Ако тоа не ги крши локалните антимонополски закони, договорот најверојатно ќе стане реалност. gazprom-620x336 Ова не е прв договор за "Гаспром" на турскиот пазар. Во август 2012 година Akfel Gaz потпиша 30-годишен договор со "Газпром" за испорака на 2,25 милијарди кубни метри. На крајот на 2014 година Рускиот гигант потпиша меморандум со Botas за изградба на гасовод под Црното Море до Европа, заобиколувајќи ја Бугарија, кој ќе го замени поранешниот проект "Јужен поток". Новиот гасовод ќе пренесува 63 милијарди кубни метри годишно, вклучувајќи 13-14 милијарди кубни метри гас за Турција, која троши до 48 милијарди кубни метри гас годишно. К.К.
Слично

Поврзани вести