Економија, финансии, бизнис

Контакт

Газдите во Германија не сакаат млади работници?

Газдите во Германија не сакаат млади работници?

Германските газди не сакаат да вработуваат млади работници. Агенција во Хамбург повеќе не вработува млади приправници. Причината - генерацијата З повеќе го цени слободното време отколку работата.

Актуелните студии покажуваат дека oваа генерација има сосема поинакви очекувања од работата. Младите родени меѓу 1995 и околу 2000 година имаат големи барања.

„Овие млади луѓе имаат ограничена способност за концентрација, издржливост и способност да воспостават контакт“, вели германски експерт.

Фризер од Хамбург повеќе не прима практиканти поради недостиг на почит и страст. И хамбуршката стартап-компанија „Нердинструстис“, се воздржува од вработување на млади луѓе.  Некои млади луѓе носеле список со желби на интервју за работа. Еден од условите е да се слободни во вторник и четврток затоа што планираат да одат на јога од 17 часот. Младите вработени бараат јасна поделба на работата и слободното време.

Слично

Поврзани вести