Економија, финансии, бизнис

Контакт

Газдите ќе мора да плаќаат за прекувремената работа

Газдите ќе мора да плаќаат за прекувремената работа
Прекувремената работа и дополнителните работни часови ќе мора газдите да им ги платат на работниците. Тоа ќе биде реализирано со воведување на Регистар за прекувремени работни часови, поврзан со Управата за јавни приходи, најави министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски на конференцијата со наслов „10 години Закон за еднакви можности на мажите и жените: финансирање за родова еднаквост и агендата 2030“. „Работодавачите нема да можат повеќе да не ги плаќаат одработени часови. Впрочем, борбата за женските права започна во текстилните фабрики во кои во пожар загинаа повеќе од 114 работнички. Синдикалните организации мора да ја започнат борбата за враќање на достоинството и правата на работниците, а преку таа битка да покажат посветеност во борбата за правата на жените“ - изјави Ременски. Работодавачите ќе мора да гарантираат права и услови за работа на бремените жени, работничките со мали  деца, самохрани родители и постари работнички. За жените работнички со навршени 57 години, ќе се овозможи да добијат  работно време од 6 часа, до навршување на 60 години старост, со примање на  целата плата. За работнички со наполнети 60 години,  ќе има неполно работно време од 4 часа, до исполнување на условот за пензија, односно 62 години старост, со земање на цела плата. Дополнително државата ќе го субвенционира учеството на жените во бизнисот.  
Слично

Поврзани вести