Газдата на „Секјуриком“ со изговор зошто избегал од Македонија
Австриецот Волфган Гампер, газдата компанијата која претходно ги чистеше владините објекти „Секјуриком“, во разговор за „Призма“ тврди дека избегал со одземен пасош од македонското обвинителство затоа што не го пуштале да оди на операција.
Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи во времето на ВМРО-ДПМНЕ, Васе Доневски, е во куќен притвор откако незаконски подготвил терен само „Секјуриком“ да учествува на тендерот и така без пречки да дојде до бизнисот вреден повеќе од 10 милиони евра во 2015, иако од денешна перспектива е утврдено дека можело да се заштедат четири милиони.
На Гампер му го земаа пасошот, но остана на слобода и во август избега од државава, наместо рутински да се пријави во скопскиот суд.
„Ми ветија дека ќе го запрат судскиот процес, ќе ми го вратат пасошот и нема да ме уапсат. Исто така рекоа дека може да учествувам на новиот тендер“, вели тој за актуелната власт и додава дека морал да одвојува 10 проценти од заостанатите рати за рекет, а не му биле исплаќани ниту камати.
За „призма“ тврди дека актуелниот тендерски договор за чистење на владините објекти е поскап од неговиот.
„Едно евро не сум му дал на Васе Доневски. Сите документи за ова ги имаат Финансиската полиција, Обвинителството и Судот.““ дециден е тој.
Вели дека не под истрага од австриските власти и има оправдување за бегството.- уште претходно закажал операција, меѓутоа Обвинителството и Судот не го пуштале да се лечи во Виена. Морал да избега, инаку ќе добиел срцев удар.
„Не можев да ја направам операцијата во Скопје, бидејќи веќе имам три бајпаса и затоа непоходно беше се оперирам во болницата во Виена, каде што досега ја прателе мојата здравствена состојба.“
