Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАЗА Е ЕКОНОМСКИ УНИШТЕНА: Се вратија на нивото како пред 70 години

ГАЗА Е ЕКОНОМСКИ УНИШТЕНА: Се вратија на нивото како пред 70 години

Економијата во Газа назадува до ниво од пред 70 години поради војната со Израел. 

Војната  ја уништи палестинската економија, која сега е 35 проценти помала отколку што беше на почетокот на израелската инвазија пред една година, додека нивото на развој во самата Газа падна на ниво на средината на минатиот век, oбјави агенцијата за развој на ОН.

Читосе Ногучи од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) објасни дека според некои мерки нивото на сиромаштија во регионот сега се приближува до 100 проценти, со невработеност од 80 проценти.

„Палестина доживува невидени нивоа на неуспех“, рече Ногучи.
Газа се уназадила за околу 70 години на нивото од 1955 година.
Палестинската терористичка група Хамас лани на 7 октомври го нападна Израел, по што Израел вети дека ќе ја уништи групата. Деновиве, израелската армија го уби и водачот на Хамас, Јахја Синвар. Да се обнови Газа ќе биде потребно многу време. 

Слично

Поврзани вести