Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓаволски тешко: Што ќе треба да прави новата Влада?

Ѓаволски тешко: Што ќе треба да прави новата Влада?
Владата на РМ која ќе ги организира изборите во април 2016 та ќе има исклучително тешка и суптилна задача, да ги поправи во еден кус временски период сите забелешки од специјалниот извештај на Евроспката Комисија. Тоа ќе биде ѓаволски тешка работа, кој и да биде премиер на Владата, особено што самата Влада ќе биде политички структуирана, и внатре ќе се кршат копја и за помалку значајни работи. Но да одиме по ред. Значајни недостатоци беа идентификувани главно во пет сфери: следење на комуникациите, судство и обвинителство, надворешниот надзор од независни тела, избори и медиуми. Првата точка, целосно ја опфаќа работата на УБК и безбедносните служби, при што недвосмислено ЕК вината за прислушувањето ја префрли на службите што се под контрола на Владата. Оттаму станува јасно дека во овој сектор, што е под МВР, тешко е да се очекува контролата повторно да ја добие владејачката партија. Таму ќе треба комплетна реорганизација со цел воспоставување на контролни механизми и департизирање на институцијата. „Од 9 февруари 2015 година до денес, опозиционата партија СДСМ во јавноста објави вкупно 36 пакети на аудио снимки на снимани телефонски разговори помеѓу кои и на Премиерот, владините министри2, носители на високи јавни функции3, градоначалници, пратеници, Претседателот на Парламентот, опозиционите лидери, судии4, јавниот обвинител, државни службеници, новинари, уредници и сопственици на медиуми5. Досега објавените материјали достигнаа околу 500 страници со транскрипти од разговорите. СДСМ тврди дека има пристап до околу 20.000 снимени разговори и дека овие разговори се направени од националните разузнавачки служби. Генерално е признаено дека овие снимки се правени нелегално во текот на неколку години и не се дел од законска и судска постапка. Овие снимки според квалитетот, опсегот и бројноста потврдуваат дека се направени во просториите на национлната разузнавачка служба6. Содржината на многу од снимките упатува на индикации на незаконски активности и злоупотреба на моќта од страна на вискои владини службеници. Од почетокот на скандалот со прислушкувањето во јануари 2015, шефот на разузнавачката служба и двајца високи владини министри поднесоа оставки. Причини за сегашната ситуација Причините за одолговлекувањето на скандалот во Република Македонија се во концентрацијата на моќтта во националната безбедносна служба (УБК) и во злоупотребата на механизмот за надзор над УБК“, стои во извештајот. Втората точка судството, која потпаѓа под Министерство за правда. Таму е потребно ослободување на стегите во судството и обвинителството пред се, што веројатно ќе тѕреба да значи и персонални измени во судските органи и во обвинителството. „Судската и јавнообвинителската служба треба да бидат способни да постапуваат на независен и непристрасен начин ( на тој начин да се избегне оставање на впечаток, оправдан или не, за постапување со случаите на селективен и небалансиран начин) а во многу области ова изгледа дека се случува. Од друга страна постои перцепција дека во некои области и особено во поглед на случаите за кои се смета дека имаат политичка димензија или кои се предмет на интерес на политичарите, вообичаените стандарди се ставаат настрана“, стои во извештајот. Во делот на изборите јасно е, ќе мора да се направи целсоно расчистување на избирачкиот список, а како второ, прецизно да се одвои државата од партијата, особено во време на избори. Но изборниот модел целокупно ќе треба да биде под лупа, за да не ги фаворизира само големите партии. „Некои од набљудувачите покажаа загриженост за несоодветното раздвојување помеѓу државата и партиските активности, обвинувања за заплашување на гласачите, непотполност на избирачкиот список, индиректна контрола на владејачката партија врз медиумите поради државната доминација во рекламниот маркетинг, неуспехот на медиумите да направат разлика помеѓу покривањето на државните функционери во нивните ангажмани како министри и кандидати, допринесоа кон поткопување на линијата помеѓу државата и партијата, и мнозинството од мониторираните медиуми беа широко склони кон владејачката партија и нејзиниот претседателски кандидат и воглавно негативни кон кандидатот на најголемата опозициска партија“, стоои во извештајот. Во делот на медиумите во прв ред се става јавниот сервис МРТВ, ослободување на МТВ од партиските стеги и отворање за експерти и опозиција. Персоналните измени ќе бидат нужни. Вториот сегмент е создавање на тело во Агенцијата за медиуми, која ќе биде вистински коректив за балансирано известување на приватните медиуми. Тоа е можно исто така само со измени во персоналниот состав на Агенцијата, и со давање поголеми ингеренции на ова тело. Само така медиумската слика би можела да се поправи во следниот период од девет месеци. „Медиумската криза ги лишува новинарите од нивната способност да извршуваат професионално и без страв. Медиумските сопственици и приватни рекламатори/огласувачи ризикуваат политичките сили да им се одмаздат ако не ги поддржат нивните агенди. Неколку соговорници информираа дека “розовото светло” доминира во медиумите, во смисла заканите, недостигот на работни услови за новинарите и финансиската нестабилност за медиумските компании ги прави доверливи кон владините реклами и продуцираат амбиент на страв којшто го охрабрува самоцензурирањето. Кризата исто така истакна сериозни загрижувања за селективното известување и недостигот на уредничка независност во Јавниот сервис. Неодамнешните откриени прислушувања потврдија постоење нездрава врска помеѓу водечките/главните медиуми и високи владини функционери, со изгледи за примање директни наредби(медиумите) од последните (владините функционери) врз основа на фундаментални прашања на уредувачката политика33. Оваа практика го нарушува правото на публиката да добие/прими информација од повеќе извори искажувајќи повеќе погледи и го смалува просторот за објективно и балансирано известување на фактите“, стои во извештајот. Ако сево ова се направи тогаш ќе може да се констатира дека владата направила добра работа, но тоа воедно ќе значи дека партијата на власт се согласи целосно со препораките на комисијата, што би значело пораз на нејзините политики. Од друга страна опозицијата ќе мора во наредниот период, во кој само се ослонуваше на бомбите, да покаже и друг систем и начин на делување, внатре во институцииите, како би успеале да ја остварат целта за која впрочем и се пуштаа „бомбите“, а тоа е целосно демократизирање на институциите.  
Слично

Поврзани вести