Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАСТЕРБАЈТЕР СЕ ЖАЛИ ОД РОДНИНИТЕ НА РЕДИТ – ТОА СЕ КЛОШАРИ: Инженер кој работи во Порше не се воздржа

ГАСТЕРБАЈТЕР СЕ ЖАЛИ ОД РОДНИНИТЕ НА РЕДИТ – ТОА СЕ КЛОШАРИ: Инженер кој работи во Порше не се воздржа

Србин со години живее и работи во Германија, вработен е како инженер во Порше, а поради високата плата често има проблеми со роднините.

Не ретко луѓето кои во текот на работниот век заработиле голема сума на пари, имаат проблеми со своите блиски, кои очекуваат некаква помош. Така, гастарбајтер, вработен во Германија, поточно во „Порше“, се пожали на социјалната мрежа Редит од семејството, на кое, како што вели не му е доволна никаква финансиска помош.

„Поздрав до сите, како се справувате со алчните роднини? Јас живеам и работам во Штутгарт, работам како машински инженер во Порше, добро заработувам, а покрај работата дизајнирам и бандажи за спортски автомобили. Финансиски ми е добро и тука се јавуваат проблемите. Од кога почнав да заработувам добро, постојано имам проблеми со моите роднини, не ми е проблем да помагам некому и сакам да помагам, но ова е надвор од секоја мерка. Секој месец се жалат колку им е тешко, како немаат за сметки, како секогаш им недостигаат пари. Меѓутоа, кога дојдов во Србија минатата година, слушам од луѓето дека отишле на море три пати оваа година и сите беа топ дестинации ама не ми го ни спомнаа. Па кога и да дојдам носам се, секој месец праќам пари и тоа не се пари, туку сериозни пари со кои можеш убаво да живееш во Србија. На нивното дете му купив кола, платив возачка и се, кога и да дојдам му носам од патики до тренерки што сака. Ме нервираат приказните што сум ги слушал луѓето кои ги кажуваат на улица. Како јас носам патики од 300 евра, и на нивниот син сум му купил од  „само 150 евра“, додека возам порше, а на синот сум му купил Голф 6. Хелоу луѓе, заработувам, па бидете благодарни што можам да помогнам. Кога ги замолив да ми помогнат околу партиципацијата за магистерски студии, тие безобразно рекоа не, а јас знаев дека имаат. Размислувам да го прекинам секој контакт со нив. Секој ваш совет би значел многу. Благодарам однапред“, се вели во неговата објава.


Слично

Поврзани вести