„Гаспром“ ветува – Јужен тек ќе се гради!
Вториот човек на рускиот енергетски гигант „Гаспром“ Александр Медведев во две одвоени интервјуа за германски „Handelsblatt“ и за италијанскиот весник „Панорама“ најавува дека плановите на Москва за изградба на гасоводот Јужен тек остануваат и покрај заладените односи меѓу Русија и ЕУ.
Александр Медведев (58) е заменик на Алексеј Милер, претседател на ОАД Гаспром, и освен оваа функција тој е и генерален директор на Гаспром екпорт, фирма-ќерка на Гаспром одговорна за транспорт на гас. Покрај тоа, Медведев е одговорен за испораките на гас за Европа и е добар познавач на европските прилики и на европскиот пазар на гас.
ИЗВАДОЦИ ОД ИНТЕРВЈУТО ЗА „ПАНОРАМА“
- Гаспром испорачува речиси третина од своите количества во Европа преку територијата на Украина. Подлежат ли овие испораки на закана поради руско-украинската криза?
- Не, од наша гледна точка тие не се под никаква закана,дури и имајќи предвид тоа што ние испорачувам повеќе отколку една третина – околу40-45%. Обврските за испорака се «врежани во камен» со нашите долгорочни договори. Ние имаме обврска да испорачуваме определени количества на гас, а нашите клиенти имаат обврска да изберат определени обеми. Русија испорачуваше гас и во најзатегнатите периоди и дури и во време на «студената војна». Ние секогаш ги исполнувавме нашите договорни обврски. Гаспром никогаш не ги прекина испораките. Во 2009 година Украина своеволно го блокираше транзитот на гас, но,се до сега Европа се уште го премолчува овој очевиден факт и продолжува да го обвинува Гаспром. Европа и Русија зависат еден од друг за прашањата за трговија со енергетските ресурси, двете страни имаат корист. Зависноста во енергетиката е взаемна, исто како и ползата од гасниот бизнис, инаку тој не би можел да се смета за бизнис.
- Дали проектот «Јужен тек» е под закана?
- Не. Ние сме способни да го изградиме и да го пуштиме во експлоатација овој гасовод во зададениот рок, за да и обезбедиме на Европа безбедни и стабилни испораки на гас со заобиколување на непредвидливите земји -транзитери. Единствената опаснось се состои во тоа што во Европа не сфаќаат докрај какви се предности ќе им донесе «Јужен тек». Сега е моментот кога станува сосема јасно колку на европскиот регион му се потребни дополнителни и алтернативни маршрути за достава на гас, за да стане сосема независен од транзитните држави. «Јужен тек» е поткрепен со достапни резерви на гас и инвестиции - тоа е еден од таквите патишта. Тој мора да биде поддржан, а не блокиран.
- Гаспром ја повиси цената на гас за Украина за 80%, до 485 $ за 1000 м3, тогаш како Европјаните плаќаат 370-380 $.Украинскиот премиер ја нарече новата цена неприфатлива и чисто политичка. Како би ја прокоментирале оваа изјава?
- Ние не ги зголемуваме цените. Ние ги одредуваме според формула, усогласена меѓу продавачот и купувачот во договорот. Ние едноставно се враќаме кон претходната пазарна формула, а попустите се анулираат сами по себе. Претходни ние им дававме на нашите украински партнери попусти во услови на навремена исплата за испорачаниот гас. Ако тие не плаќаат,ние веќе нема да им даваме такви попусти. За жал, тие не го исполнија својот дел од зделката. Украина не плаќа дури и по намалени цени. Нејзиниот долг расте.Што би направил секој комерцијален одговорен европски доставувач во ваква ситуација? Слушајќи ги ветувањата дека Европјаните ќе и испорачуваат гас на Украина наместо Гаспром, јас си го задавам прашањето: ќе биде ли украинската страна исто така да и го плаќа на Европа реверсниот гас? А што, доколку не? Како ќе постапи Европа ако Киев, не го плаќа «синото гориво», ако насобира долгови исто така како што прави во случајот со Гаспром?
- Европа е во потрага по алтернативи на рускиот гас. Според вас, ќе може ли Европа да живее мирно без рускиот гас?
- Европа нема други сигурни извори на природен гас во следното десетлетие. Само Русија е способна да ги обезбеди растечките потреби на Стариот свет. Норвешка, Алжир, Велика Британија, а сега и Холандија, почнуваат да чувствуваат потешкотии со добивањето гас поради осиромашувањето на нивните ресурсни бази. Претпоставената добивка на гас од шкрилци ќе биде многу скапа и ќе може само делумно да го пополни падот на внатрешната добивка на традиционален гас. Втечнетиот природен гас (LNG), меѓу кој и оној од САД, ќе дојде на овој пазар само во случај ако цените во Европа силно пораснат. Другите извори можат да понудат помали количества на гас. Европа мора да ја признае реалноста: регионот не е привлечен пазар за природен гас, Азија, па дури и Јужна Америка сега нудат многу поинтересни услови за гасниот бизнис. Европа може да ја скрати својата зависност од гасот, но, по цена на зголемување на искористувањето на јагленот и големи дотации за развој на обновливи извори на енергија. Во таков случај, Европјаните ќе бидат принудени да платат или со своето здравје или со паричникот. Нема потреба да се заборава дека гасот е најчистото фосилно гориво кое на најдобар можен начин одговара на улогата на главен енергенс кој го поддржува достигнувањето на европските еколошки цели.
- Зарем американскиот гас не може да стане алтернатива на руското гориво во Европа?
- Од економска гледна точка, американскиот LNG не може да им биде понуден на европските клиенти по конкурентни цени. Покрај тоа, САД едноставно немаат големи количества за продажба надвор од границите. Најголем дел од американскиот LNG ќе оди во земјите на Азија и Јужна Америка, каде што цените се многу попривлечни. Ако решенија бидат условени од политиката, и тие обеми на LNG сепак бидат испорачани во Европа, тогаш Европјаните ќе мораат да платат повеќе отколку за цевководниот гас. Во рамките на ценовните услови кои постојат денес, Европјаните ќе се судрат практично со удвојување на тековните цени за да ги привлечат на своите пазари количествата на LNG наменети за Азија. Меѓу другото, центарот за финансиски истражувања «Стенфорд С. Бернштајн» неодамна соопшти дека потенцијалното откажување од рускиот гас може да ја чини Европа околу 215 милијарди долари само во нови инвестиции.
ИЗВАДОЦИ ОД ИНТЕРВЈУТО ЗА „HANDELSBLATT“
- Гаспром е сопственост на руската држава. Претседателот Путин би можел да го искористи прекинот на испорака на гас како политичко оружје.
- Гасот не е оружје, гасот е стока. Ние произведуваме и продаваме гас. Трговијата е дејност мирнодопска и корисно затоа што таа обединува.Ние сме заинтересирани да го продаваме «синото гориво», да заработуваме пари во интерес на нашите акционери – руски и странски, приватни и државни. Значителен дел од нашите акционери, всушност се корпоративни и индивидуални инвеститори од САД и од Велика Британија. Руската влада е наш најголем акционер, но, не е и единствен. Нашите акции се продаваат на светските берзи. И сите наши акционери,чија бројка е над половина милион, меѓу нив и владата на Русија, за заинтересирани за тоа што Гаспром да носи профит, а не да војува. Ете зошто сме принудени да настојуваме Украина да ги плати сите свои сметки за гас и јас сум зачуден зошто овој едноставен факт се уште не наишол на вистинско разбирање во Германија.
- Ако Украина го блокира транзитот на руски гас, како Гаспром тогаш би можел да испорачува гас во Западна Европа?
- За да се избегнат ризиците поврзани со несигурните земји, Гаспром заедно со европските партнери го изгради гасоводот «Северен тек» по дното на Балтичкото Море и планира да го постави цевководот за «Јужен тек» преку Црно Море. Ние влиожувмае огримни пари за да им гарантираме енергетска безбедност на нашите европски купувачи. Ние го сметаме тоа за одговорен приод на одговорен испорачател на гас.
- Колкав е процентот на продажба на гас во Европа од вкупната продажба на гас на Гаспром?
- Во 2013 година Гаспром им испорача речиси 280 милијарди м3 природен гас на потрошувачите во Русија, 56 милијарди м3 на потрошувачите во земјите од ЗНД, балтичките земји, Грузија и Јужна Осетија, и 163 милијарди м3 на нашите партнеру во земјите од Западна и Централна Европа, вклучувајќи ја и Турција. На таков начин, нашиот извоз во Европа е на трето место во нашата вкупна продажба и претставува околу 65% од приходот на Гаспром.
- Поради кримската криза САД и ЕУ се договорија да и наложат санкции на Русија. Што значи тоа за Гаспром?
- Овие «санкции» не влијаат на нашиот бизнис. Како што покажа историјата, санкциите никогаш не доведуваат до взаемно корист.
- Што ќе направите ако Украина не може да ги плати своите сметки?
- Ние сакаме да ја видиме Украина како сигурен клиент и безбеден транзитер. На крајот на краиштата, ние им плаќаме милијарди долари на име транзитни надоместоци, за да можеме да обезбедиме сигурен транспорт во Европа. Јас се надевам дека Европа сега има сили позитивно да влијае на Украина.Ние ќе го поздравиме секој што ќе ја убеди Украина на крајот да го плати испорачаниот и потрошен гас.
- Колку време е потребно за нормализација на напрегнатата ситуација меѓу Русија и Европа?
- Тоа е прашање од политичка област. Јас сум директор, а не политичар.
- За многумина Гаспром се однесува премногу арогантно. Како Вие би сакале да си го подобрите својот имиџ?
- Што и да направиме или превземеме, во блиска иднина тоа е невозможно. На САД и на Европа им е потребна слика од непријателот, а ние одговараме на улогата „Schreckgespenst“ (морничаво сениште).
Слично
