„Гаспром“: Спогодбата овозможува снабдување на Европа со гас!
Спогодбата која ја постигнаа Европската унија, Украина и Русија е важен чекор во спречување на прекинот во снабдување на Европа со гас оваа зима, а Гаспром е и ќе биде сигурен снабдувач на гас за Европа, изјави вчера портпаролот на Гаспром Сергеј Купријанов.
„Спогодбата претставува компромис и Гаспром покажа значајна флексибилност за да се постигне договор. Гаспром е и ќе биде снабдувач на гас за Европа“, порача Купријанов, се наведува во соопштението на Гаспром.
Според неговите зборови, спогодбата исто така праќа јасна порака дека потпишаните договори мора да бидат испочитувани, а обврските по прашањето плаќање исполнети.
„Се надеваме дека ова е почеток на ново, конструктивно поглавје во односите по прашањето на гасот помеѓу ЕУ, Русија и Украина. Односите кои се засновиаат на подеднаква поделба на ризик и почиѕување на договорните обврски“, истакна тој.
Трилатералните преговори на Европската унија, Украина и Русија се завршени со договор кој ќе обезбеди обременет доток на гас во Европа оваа зима.
„Можеме да им гарантираме на граѓаните на ЕУ дека снабдувањето со гас оваа зима ќе тече непречено“, соопшти европскиот комесар за енергетика Гинтер Етингер после маратонските преговори во Брисел.
Етингер соопшти дека е пронајден начин Украина да отплати 3,1 милијарда долари долг, плус 1,5 милијарди аванс за идна испорака на рускиот гигант Гаспром, со гаранција на ЕУ и меѓународните финансиски институции.
Тоа значи дека испоркаите на гас за Украина ќе бидат продолжени, а транзитот кон ЕУ повеќе не е загрозен, објасни комесарот.
Гаспром во јуни ја запре испораката на Украина поради акумулираните долговисо барање да во иднина испораките се плаќаат однапред.
За ЕУ од витално значење беше да се реши овој проблем, бидејќи речиси секој гас за Европа оди преку Украина, а Русија се закануваше, дека доколу Украина почне да користи гас во транзит за свои потреби, целосно ќе ја затворат чешмата.
И.Р