„Гаспром“ се подготвува да постави рекорд за извоз на гас во Европа
Оваа година „Гаспром“ планира да постави рекорд во извозот на гас до Европа со речиси 190 милијарди кубни метри, соопштил главниот извршен директор на рускиот холдинг Алексеј Милер за време на Источниот економски форум.
„Во 2017 година ќе достигнеме околу 190 милијарди кубни метри, тоа е апсолутен рекорд“, изјавил тој , пренесоа светските агенции.
Претходно Милер издаде дека минатата 2016 година „Газпром“ ги зголемил испораките на гас за странски земји со 12,5% во однос на 2015 година. Така, со 179,3 милијарди кубни метри, компанијата достигна историски максимум.
Слично
