Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гаспром: Нарачките од ЕУ за руски гас паднаа на 72 милиони кубни метри

Гаспром: Нарачките од ЕУ за руски гас паднаа на 72 милиони кубни метри

Количините на руски гас нарачани од европските купувачи за 11 мај паднаа на 72 милиони кубни метри, изјави за новинарите портпаролот на Гаспром Сергеј Купријанов.

Барањата се намалија за речиси една четвртина откако беше прекинат дел од рускиот транзитен проток низ Украина на станицата Сорановка, пренесува Тас.

„Испораките на Гаспром на руски гас за транзит преку украинска територија изнесуваат 72 милиони кубни метри на 11 мај“, рече Купријанов.

Претходниот ден побарувањата изнесуваа 95,8 милиони кубни метри.

ФОТО: EPA

Слично

Поврзани вести